Денот Д во Британија, парламентот гласа за Брегзит
Објавено на од во Uncategorized

Британскиот парламент денес треба да се изјасни за договорот што премиерката Тереза Меј го постигна со Европската унија.

teresa may

Меј ги повика пратениците “уште еднаш да го испитаат” договорот од Брегзит и ги одби повиците за одложување на британското повлекување од ЕУ.

“Им порачувам на пратеници од двете страни на парламентот, што и да направиле, во следните 24 часа повторно ќе го разгледаме договорот”, рече Меј пред парламентот, јавува “Индекс”.

Таа ги отфрли барањата на некои пратеници да го одложат Брегзит, закажан за 29 март, па така ќе има повеќе време за да се постигне консензус или да се одржи нов референдум.

“Ние ќе ја напуштиме ЕУ на 29-ти март. Верувам дека е важно за нас да ги спроведеме резултатите од референдумот во 2016 година поради нашата демократија”, рече премиерката.

Се верува дека Меј нема да може да обезбеди поддршка за договорот во парламентот денес.

Во овој случај може да има повеќе сценарија – од свикување на нови избори за нов референдум, па дури и Британија да ја напуши ЕУ без договор, што може да доведе до хаос што би предизвикал брза прекин во односите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×