ДЕНОТ ПОСЛЕ УТРОТО  
Објавено на од во Коментари и анализи

Rudi Lazarevski kolumnaФестивалот наречен Референдум, мора да успее. Ако веќе мораше да има фестивал. А не мораше. Сето тоа можеше достоинствено да се реши во Собранието, како што наликува на зрела и одговорна држава. Како што наликува на зрели и одговорни политичари. Колку сме зрела и одговорна држава заедно со политичарите, видовме изминатите неколку месеци. Фестивалот наречен Референдум е добар изговор за бегство од одговорноста на целокупниот македонски политички корпус во оваа два милионска држава. Нема поциничен изговор за бегство од одговорноста, од народот сака Референдум.
Факт е дека народот сака фестивали како ракијада и пифтијада, ама овој фестивал наречен референдум ја одредува иднината на идното постоење на државата.
Како и да е, Фестивалот мора да успее, како прва фаза. Но, проблемите остануваат. Поделен македонски етникум до нож, заедно со втората фестивалско- собраниска фаза на уставните прилагодувања. Тоа само упатува дека Фестивалот ќе трае многу месеци во иднина.

Тишина

Никој не може да гарантира дека фестивалот ќе биде успешен. Што може да следи потоа?

1. Сигурно, денот потоа и следните денови ќе настапи неподнослива Тишина. Зборот изолација е само мека форма на неподносливата Тишина. Нема да има победници затоа што сите ќе бидат поразени. Секоја изјава на било кој локален политичар и нивните “политичари во сенка”, ќе биде смешно кредибилна и глупава.

2. Тишината немилосрдно веднаш ќе почне да го еродира мега-проектот на оваа Влада паралелно во сите три дела,Законот за јазици, Договорот со Бугарија и Договорот со Грција. Ерозијата ќе биде забележана од западната политичка алијанса. Но, прашање е дали ќе се обиде да ја прекине Тишината. Традиционално и историски гледано,првата реакција е, да почекаме и да го видиме развојот на настаните. И нормално, ќе развива интерно можни други разумни но не и емотивни сценарија. Тишината ќе стане уште по неиздржлива

3. Неуспешниот фестивал ќе ја смести државата во групата нерешени држави,заедно со Косово и БИХ од остатокот на Западен Балкан. Така наречен Мал Пакет за Решавање.

 4. Незапирливото еродирање на мега-проектот на Владата, ќе роди идеи за можни не емотивни сценарија за практично решавање на проблемот во пакет. Но, притоа сигурно првенствено ќе се води сметка нити НАТО, ниту ЕУ да не изгубат со тоа сценарио. Исто така, сигурно тоа сценарио нема да ја загрози екстериторијалноста на Економската зона. Тоа сценарио е можно, практично и реално. Со тоа сценарио единствен поддржувач на државата би бил јужниот сосед, колку и да звучи цинично по пропаѓањето на Договорот. Затоа што ќе биде загрозен нивниот интерес од појавата на Голема Бугарија, Голема Србија и Голема Албанија. Но, тоа нема да биде пресудно во реализацијата на такво сценарио. Во меѓународните односи нема љубов. Има само политички интерес, пари и практичност. Единствената енигма за вакво сценарио е времето. Дали пред или по мајските избори во ЕУ.

Тишината и Парите

 5. Пропаѓањето на овој мега проект ќе остави позади себе едно големо Ништо за иднината на економијата. Владата во изминатиот период целата своја енергија ја насочи кон овој проект. Немаше време ниту простор за сериозни и болни структурни реформи во економијата и општеството. Секому му е јасно дека европски глазирани инцидентни потези не претставуваат структурни реформи. Заштитата на екстериторијалноста на економската зона со сценариото ќе ја покаже правата слика на македонските економски параметри длабоко во Тишината. Државата обвиткана со неподносливата Тишина ќе ја загрози и постоечката структура на технички банкротирана држава. Странските инвеститори во Македонија, како секогаш однапред добро брифирани за било кое сценарио, ќе се подготвуваат за заминување. Така Телеком може да стане преку ноќ Лајка и Шајка Телекомуникации или Лого на некоја од соседните земји. Истото се однесува и за банкарскиот,осигурителниот, производниот бизнис на постоечките странски инвеститори.

Еродирањето на постоечката економија во Тишината, сигурно ќе ги загрози платите, пензиите, социјалната и здравствената помош на преку еден милион директни буџетски и пара буџетски месечни зависници. Последователно, куповната моќ на населението ќе падне на најниско можно ниво. И ќе предизвика домино ефект во и онака технички банкротираната економија. Готовинските плаќања ќе достигнат највисоко можно ниво со огромен притисок врз банкарските депозити. Ќе се доведе во прашање опстанокот на ценовната стабилност и курсот на еврото.

Не е непознато во историјата дека овој сценариски развој обично претходи на главното сценарио. Со цел,полесно да се прифати и спроведе главното сценарио.

Тишината и Народот

 6. Просечниот граѓанин убеден сум не верува во ваков развој и сценарио. Дали треба да верува, ќе се види на фестивалското гласање. Но сигурно е дека референдумот и парламентарните прилагодувања на уставот мора да успеат. Инаку верувал или не просечниот граѓанин, горното сценарио е многу поизвесно дури и од трампата на територии меѓу Србија и Косово.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×