Десет медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ на натпревари во Германија и Сингапур
Објавено на од во Компании

Вина на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ оствоија десет награди на два вински натпревара во Европа и Азија.

tikves lepovo

На годинашното пролетно оценување на вината во рамки на винскиот натпревар во Германија  „Мундус Вини“, златни медали освоија пет врвни вина на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“. Златни медали добија црвените вина „бела вода 2016“ и „александрија куве“ и „вранец сс“ од бербата во 2017-та, како и белото „барово“, берба 2018 и „домен лепово розе“ од бербата во 2018-та.

На истиот натпревар сребрени медали освоија вината „барово“ (црвено), берба 2016, „совињон бланк сс“ (бело), берба 2018 и „домен лепово шардоне“ (бело), исто така од бербата во 2018 година.

На натпревар, што се одржува во Сингапур, вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија два златни медала и тоа на своето прво учество на овој натпревар. Златни медали освоија двете врвни црвени вина „барово“ од бербата 2016 и „домен лепово гранд куве“ од бербата во 2015-та.

„Исклучително сме задоволни што нашите врвни вина ја отворија новата оценувачка сезона освојувајќи забележителен број високи признанија на првите два престижни вински натпревара во светски рамки оваа година. Ова на најдобар начин ја потврдува конзистентноста на високиот квалитет на нашите вина, како и веќе освоениот статус на најнаградувана винарница од нашиот регион“, велат од Винарската визба „Тиквеш“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×