Десет митови за иновативноста
Објавено на од во МАГАЗИН

flying-email-525062410-ss-1920Внимавајте да не паднете во нивната стапица

Користејќи извори како Harvard Business Review, Inc.com, Entrepreneur и др. издвоивме десет најголеми заблуди во врска со тоа што е всушност иновативност и како треба да ја сфатиме правилно.

1. Митот за откровението.
Во принцип, сите мислиме дека моментален блесок на инспирација, креативност, идеја и сл. доминира во процесот на создавање на иновациите. Меѓутоа, реалноста е нешто поинаква. “Откровението“ е последица на подолготраен напор, а ретко која идеја е целосно оригинална, туку е произлезена од некои претходни идеи. Кога ќе слушнеме сторија за тоа како некому “светнала сијаличката“, треба да се прашаме: а) колку време креаторот потрошил пред да му се случи “светнувањето“; б) колку идеи од други луѓе искористил, односно, рециклирал за својот проект; и в) колку труд е вложен откако се блесокот на идејата се појавил во главата додека тоа се материјализира во успешен продукт, услуга, итн. Откровението само по себе не наоѓа инвеститори, не прави прототипови, не го жртвува своето време и здравје, не се соочува со бројните одбивања, неуспеси и сл.

2. Митот дека знаеме историја.
Луѓето сакаат да го романтизираат минатото за да го вклопат во сегашноста, со тоа правејќи стапица за оние креативци коишто не ја знаат добро вистинската историја на сопствената област на интерес. Инспирирачките лаги често се попопуларни одошто комплексните вистини.  Историјата не значи праволиниски развој на настаните и прогрес, како што не е ниту сегашноста. Иновацијата е стара колку што е човештвото, а исто така и обидите да се промени сегашноста. Зошто американската револуција против британската круна успеа, кога 90% од револуциите во светот се фијаско? Има ли нешто толку посебно во врска со Каменот од Розета? Доминантните идеи не секогаш се и нужно добри. Пронајдете ја најдобрата идеја на светот во вашата област на интерес и “копајте“: ќе се изненадите што може да најдете под површината, а што ви помага во вашата работа денес.

3. Митот за методите.
Предизвикот со креативната работа, особено на слободен пазар, е што многу фактори се вон вашата контрола. Вие може с$ да направите како што треба, и повторно да не успеете. Многу книги за креативноста ветуваат успех врз основа на историјата: избираат примери од минатото коишто го поддржуваат токму нивниот “метод“. Методите може да бидат корисни, но тие негираат дека сегашноста е различна од минатото. Има премногу варијабли во сегашноста за да имаме некаква извесност за исходот. Токму затоа термините како “иновациски систем“ и сл., се апсурдни. Многу книги за креативноста се изненадувачки некреативни и прават невозможни ветувања.

4. Митот  дека сакаме нови идеи.
 Луѓето се конзервативна сорта, конформизмот е длабоко всаден во нашата биологија. Од една страна, да се зборува за креативноста е многу популарно, но да се биде вистински креативен го става на ризик вашиот општествен статус. Сите големи идеи во човечката историја биле неприфаќани на почетокот, често со години, децении, па и векови, но ние ги забораваме овие факти. Историјата на големите откритија е сторија за упорноста, наспроти постојаните одбивања. Иноваторите ги прави успешни во голема мера тоа што се способни да ги убедат конзервативните луѓе во корисноста од нивните идеи, што е многу различна способност од креативноста сама по себе. Вашиот проблем најчесто не се вашите идеи, туку вештината да ги презентирате пред останатите. Идеите ретко се одбивани заради нивната (не)корисност, туку заради тоа како ги направиле луѓето да се чувствуваат.

Tema 2 inovacii 35Митот за осамениот пронаоѓач.
Полесно е да се велича херој доколку е портретиран како суперчовек. Но, дури и луѓето што ја заслужуваат титулата “гениј“, како Моцарт, Ајнштајн или Пикасо, имале семејства и учители коишто ги учеле разни нешта. Многу од патентите на Едисон тој ги споделува со своите соработници, без оглед колку неговото големо его тешко го поднесувало сето тоа. Приказните за луди гении коишто работат сосема сами и изолирани од надворешниот свет се реткост. Одберете кој годе славен научник за кого што мислите дека работел сам и прочитајте малку за нив: ќе се изненадите колку многу луѓе всушност влијаеле врз нивната работа. Способноста за соработка, и  давање и примање фидбек, може повеќе да ви значи одошто самата ваша брилијантност.

6. Митот  дека добрите идеи се реткост.
Гледајте само едно 6-годишно детенце што прави: ќе “измисли“ дузина работи за само еден час. Ние сме едноставно родени за креативност. Проблемот е само што општествените норми што владеат во животот на возрасните бараат од нас конформизам и така ние ги жртвуваме нашите креативни инстинкти во полза на социјалниот статус. За разлика од децата, возрасните се исклучително критички и осудувачки настроени, убивајќи ги идеите уште пред да имаат шанса да се докажат. Проблемот е што идеите не доаѓаат во пакет со храброста и да се вложи во нив, да се жртвувате за нив. Добрите идеи се насекаде, она што е реткост се луѓето спремни да ги стават нив на пиедестал попрво одошто нивната репутација.

7. Митот дека вашиот шеф знае повеќе од вас.
Стереотипот за било која работна средина е дека претпоставените неминовно знаат повеќе за с$ од луѓето што им се подредени. Ова е погрешно ви многу аспекти, но во доменот на тоа кој поседува креативна интуиција можеби и најпогрешно. За да се издигнете на скалилата на моќта бара добра политичка проценка, но иновацијата бара спремност да се борите против конвенционалното. Оние што ја победуваат конвенционалноста потешко е да напредуваат во повеќето средини, иако е клучно за развојот. Да претпоставиш дека претпоставените се најдобри во креирање и предводење на промените е грешка.

8. Митот дека најдобрата идеја победува
Маркетингот, политиката и добриот тајминг имаат огромно влијание врз тоа која идеја победува – вашата или на конкурентите, иако деталите во сето ова се многу покомплексни одошто сакаме да чуеме и научиме од историјата. Сакаме да веруваме дека најдобрите идеи победиле во минатото, затоа што во тоа сакаме да веруваме и во сегашноста исто така. Но, за да бидеме успешни во реализирањето на идеите, треба да проучиме зошто некои лоши идеи триумфирале, а некои добри идеи се на маргините. Светот на идеите не е базиран врз чиста логика и мораме да се прилагодиме.

9. Митот дека проблемите се помалку интересни од решенијата
 Ајнштајн рекол “Ако имам 20 дена да решам проблем, јас 19 од нив ќе потрошам за да го дефинирам“. Има мноштво креативни начини да размислувате за проблем, и различни начини да гледате на една ситуација. Нетрпеливото трчање кон решавање одреден проблем ќе направи само да поминете покрај вистинските нешта што ви се потребни на патот кон вистинското решение. Ако ги слушате внимателно успешните иноватори кога зборуваат за своите секојдневни активности, ќе видите дека поминуваат многу повеќе време размислувајќи за одреден проблем одошто тоа ни го прикажуваат медиумите опседнати со спектакуларни откритија.

10. Митот дека иновацијата е секогаш добра работа.
Како би се чувствувале доколку некое откритие стави крај на вашата професија? Каков импакт ќе има една идеја по 1, 5, 10 или 100 години отсега? Сите иновации значат некаква промена и сите промени помагаат на некои, но може да повредат други. Многу ужасни пронајдоци биле креирани со најдобра намера, додека пак некои лоши намери довеле до добри последици. Бенц и Форд ни во сон не помислувале дека автомобилите денес ќе “убиваат“ преку 40 илјади луѓе годишно само во САД, на пример. Секоја успешна идеја може да има мноштво од последици коишто не е возможно однапред да се предвидат.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×