Десетта јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура
Објавено на од во Банки и бизнис

Pano 5-7-July-2017 logo NBRM logo Nederlandshe logo Portugal 9.3Двигатели нa интеграцијатa на плаќањата во Европа – иновации и соработка

Народната банка на Република Македонија најавува одржување на Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура со наслов: „Двигатели нa интеграцијатa на плаќањата во Европа – иновации и соработка“. Ова е јубилеен настан за десетгодишната континуирана меѓународна соработка и размена на знаења и искуства за актуелни теми од областа на плаќањата.

Народната банка на Република Македонија најавува одржување на Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура со наслов: „Двигатели нa интеграцијатa на плаќањата во Европа – иновации и соработка“. Конференцијата се организира во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, а ќе се одржи во Охрид, во  периодот од 5 до 7 јули 2017 година.

Во текот на годините, Конференцијата прерасна во важно место за средба на претставниците на финансискиот сектор во Република Македонија и на централните банки од земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, Заедницата на независни држави и Северна Африка, претставувајќи совршена платформа за размена на знаења и искуства за актуелни теми од областа на плаќањата и промовирањето нови идеи.

На наше големо задоволство оваа година е обраќањето на членот на Извршниот Одборот на Европската централна банка, г. Yves Mersch, којшто пред неговиот мандат во оваа значајна институција бил на позиција гувернер на централната банка на Луксембург.

На оваа јубилејна конференција, обраќање ќе имаат и гувернерот на Банката на Холандија, г. Klaas Knot и членот на Одборот на директори на Банката на Португалија, г. Hélder Rosalino, високи претставници од централните банки со чијашто соработка го остваруваме овој проект веќе десет години. Во Панел-дискусијата на гувернерите ќе учествуваат гувернерите на централните банки на Македонија, Хрватска и Бугарија и член на Одборот на Народната банка на Белгија. Гувернерската сесија ќе биде посветена на соработката и иновациите во Европа, со особен акцент на предизвиците со кои би се соочиле потрошувачите, компаниите и владите во националните економии на земјите од Балканот и Европа во наредната деценија, а во врска со претпочитањето на дигиталното банкарство и дигиталните технологии, наспроти употребата на готовина за вршење на плаќањата.

Меѓу другите теми што ќе се дискутираат на Конференцијата се дигиталните иновации, брзи плаќања, прекугранични плаќања во глобални рамки и  дигитална безбедност; спроведување на Директивата за платежни услуги 2 (ПСД2), евалуација на регулативата за СЕПА и Акциски план за финансиски услуги; стратегиска визија на Евросистемот до 2020 година и консолидација на системите ТАРГЕТ2 И ТАРГЕТ2 ‒ хартии од вредност; безбедносните аспекти коишто произлегуваат од ПСД2; нова стратегија за финансиска вклученост; подготовки за инстант-плаќањата; кој ќе опстане во светот на плаќањата со новите играчи од „fintech“ и „bigtech“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×