Десетте најголеми предизвици со кои ќе се соочи светот до 2050 година
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС

robot trafficПредвидувања на BBC Future

Кои се најголемите предизвици со кои ќе се соочи човештвото во следните неколку децении? Невозможно е да се предвиди прецизно, но BBC Future го претстави својот поглед во овој аспект од иднината, имајќи предвид до што би можеле да доведат тенденциите што ги гледаме денес. Градови потопени од морињата и население кое е сѐ повозрасно се само почеток…

 

  • Генетска модификација на луѓе

Лани меѓу научниците имаше дебати во однос на новата технологија што дозволува „уредување“ на човечката ДНК. Таа се вика Crispr (Clustered regularly interspaced short palindromic repeats) и е средство за промена на ДНК на луѓе, со цел болестите како ракот да станат минато.

Иако ова звучи одлично, сето тоа може да има и своја темна страна гледано од етички аспект, и да прерасне во проект мотивиран од суетата што би барала „дизајнерски бебиња“, па да доведе до селектирање на ембрионите, така што бебињата што би настанувале од нив да имаат определена интелигенција и физички карактеристики.

И покрај тоа што оваа технологија уште не се користи широко, таа се смета за актуелен „голем предизвик“ што ветува напредок, но со можни несакани последици за кои човештвото треба да биде подготвено. Во смисла, етичките прашања веднаш да бидат поставени на масата во секоја лабораторија, универзитет и корпорација, што ќе посакаат да ја менуваат човечката ДНК.

The Birth of Artificial Intelligence
  • Повозрасно население од кога и да е

Не само што човештвото се бори со последиците од значајниот раст на бројот на луѓе на Земјата, тука е и фактот дека жителите на планетата живеат сѐ подолго. Ова е, секако, одлично, но сите тие возрасни луѓе бараат грижа. Всушност, бројот на стогодишниците ќе се зголеми повеќе од 50 пати – од 500 илјади денеска, до над 26 милиони до 2100 година. Од Велика Британија, до Јапонија и Кина, општествата со голем број луѓе над 65 годишна возраст ќе станат сѐ повеќе. Во следните неколку десетлетија, кога ова ќе почне да се случува, ќе биде потребна подобра грижа за возрасните (Јапонија веќе обмислува како можат да помогнат роботите), а веројатно и политики што ќе дозволуваат повеќе мигранти да се обидуваат да го компензираат застарувањето на работната сила, а во некои случаи и намалувањето на наталитетот.

  • Загубени градови

Покачувањето на морското ниво постепено води до исчезнување на некои градови. Поради климатските промени сѐ почесто сме сведоци на поплави по улиците, а променетите метеоролошки услови влијаат и на дизајнот на објектите што се градат.

Освен што се градат повеќе ѕидови за заштита од морето, во градовите веќе се бара првиот кат на новите згради да биде повисоко издигнат. И тоа не е сѐ – ако оваа тенденција продолжи, светот ќе треба да се помири со губењето на цели реони од градовите кои се островски или се ниски.

Економскиот ефект врз регионите ќе стане, секако, поголем, а климатските бегалци ќе се претворат во нешто што често се среќава. Притисокот врз градовите ќе станува сѐ поголем, додека градското население ќе расте. Ако климатските промени донесат масовна миграција, постојната инфраструктура, услугите и економиите воопшто, може да стигнат до оптовареност до точка на прекршување.

  • Еволуцијата на социјалните мрежи

Социјалните мрежи го променија начинот на кој комуницираме во голем дел од последната декада. Сѐ повеќе луѓе и се информираат преку социјалните мрежи. Како истите (мрежи) ќе изгледаат по 30 години и какви закани ќе носат?

Првата закана би била свет без приватен живот. Ова е проблем со кој веќе човештвото се соочува. Социјалните мрежи носат со себе многу проблеми поврзани со, така да го наречеме, малтретирање во дигиталниот простор. Многу добротворни организации, како и такви со неекономски цели се мобилизирани во борбата против интернет троловите, но останува прашањето дали властите и социјалните мрежи ќе се справат со ова или проблемот ќе се влоши.

Понатаму, ако лажните вести продолжат да бидат фактор, останува прашањето како луѓето ќе гледаат на светот понатаму. Ако секој минува месеци, години, па дури и децении информирајќи се само од (благо кажано) несигурни извори, тоа не ветува цивилизирано општество и дебати.

Ако се има предвид колку брзо социјалните мрежи го преземаа светот, оптимистите можат да заклучат дека овие проблеми ќе бидат брзо решени.

  • Нови геополитички тензии

Последнава година доведе до разбивање и на и онака кревкиот геополитички баланс. Големиот прашалник во контекстот стои пред светската стабилност во следните неколку декади. Во 2016 година, а и досега во 2017, во вестите доминира бескрајната политичка драма, а сето тоа го подгрева „геополитичкото минско поле“ и „невидената геополитичка промена“, независно од тоа дали зборуваме за непредвидливата Северна Кореја, за тешката положба на сириските бегалци, или за процесот на напуштање на Европската унија од страна на Велика Британија.

  • Автомобилите не одат во историјата … напротив

И покрај брзата урбанизација и коментарите за ултра-брзи возови и фантастичните технологии како Hyperloop, автомобилите не се на пат да си одат во историјата. Всушност, во следните неколку децении ќе гледаме сѐ повеќе автомобили по патиштата. Технологијата за возила без човек зад воланот наскоро ќе ја преземе индустријата. Големите технолошки компании и производителите на автомобили агресивно се натпреваруваат во лансирањето автономни возила во следниве години.

Но, без разлика, бројот на автомобили (автономни или не) ќе расте рапидно, покажуваат истражувања. Во држави како Кина, со раст на бројката припадници на средната класа, инфраструктурните потреби и справувањето со еколошките закани ќе бидат сериозни предизвици.

  • Ресурсите се намалуваат

Сите нови технологии и уреди што го одбележаа овој век бараат ретки метали. Еден смартфон, на пример, има над 60 „состојки“. Ова го поставува прашањето за исцрпувањето на природните ресурси на планетата. Во Кина, каде се наоѓаат 90% од ретките земјени метали, пресметано е дека рудниците ќе бидат исцрпени за две децении. А добри замени за овие метали сѐ уште нема.

  • pioneer_energy_1_0 webСоздавање други светови

Прво ќе треба компаниите за космички туризам да нѐ уверат дека нивната дејност е безбедна. Потоа да се најде начин за испраќање луѓе на Марс или на други планети, за да живеат таму. Туризмот во космосот можеби засега изгледа како нешто резервирано за вселенските агенции и милијардерите, но кога ќе стане достапен за сите останати, ќе се отворат сосем нови предизвици.

  • Засилување на интелектот

За ова предвидување треба да претпоставиме дека ќе има медикаменти што ќе помагаат луѓето побрзо да мислат, како и технолошки импланти што ќе овозможат моќи надвор од нормалните за човекот. Овде интересно прашање е кој ќе има пристап до евентуалната ваква технологија, односно, нема ли истата да ја продлабочи постоечката нееднаквост и богатите да ги направи уште побогати.

  • Доминација на вештачката интелигенција во нашите животи

Зад идејата дека вештачката интелигенција еден ден ќе биде посилна од човечката и ќе продолжи значајно да нѐ надминува застанаа повеќе авторитети од светот на технологијата и науката. Дали ќе биде така уште не може да се каже, но дека вештачката интелигенција станува сѐ помоќна е факт. Како и да е, и овде се отвораат социјални и етички прашања. Особено во случаите во кои вештачката интелигенција презема сфери од човечкиот живот како здравствената заштита и финансиските пазари, на пример.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×