Дескоска: Ги намаливме извршителските трошоци, трошоците за нотаријатски услуги и судските трошоци за комуналните сметки
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерката објави намалување на  извршителските трошоци, трошоците за нотаријатски услуги и судските трошоци за комуналните сметки.

deskoska stip

Шеснаесет ставки, според новиот тарифник, кои порано се плаќаа сега веќе немаат право на наплата од извршителите, објави министерката за правда Рената Дескоска на денешната трибина во Штип, насловена „Фер општество - шанса за сите“.

„Голем дел од другите трошоци се намалени за 50% некои дури и повеќе, поради тоа што сметавме дека беа нереални приходите кои што ги добиваат извршителите“, рече Дескоска.

Министерката Дескоска ги спомена измените и во Законот за нотаријат каде што се предвидува граѓаните да не треба да плаќаат судска такса за издавање на нотарски платен налог за комуналните трошоци. Дескоска потенцира дека нема повеќе да се плаќаат дополнителни трошоци, што се направи со исклучувањето на судските такси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×