Десницата води на парламентарните избори во Италија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Коалицијата на десницата и на екстремната десница освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија, но и натаму е неизвесно кој ќе владее во земјата од еврозоната, поради што почнува период на несигурност во Европа, оцени денеска Франс Прес.

Популистичкото движење Пет ѕвезди соопшти дека дошло на првото место меѓу партиите во Италија, со освоени 28 до 32% од гласовите.

Коалицијата на десницата и на екстремната десница, што теоретски ја води милијардерот и поранешниот премиер Силвио Берлускони, освои меѓу 30 и 41% од гласовите.

Демократската партија на Матео Ренци потврди дека постигнала лош резултат на изборите на кои освои меѓу 21 и 23,5% од гласовите.

Во Италија вчера се одржаaпарламентарни избори додека предизборната кампања ја обележаа тензии поради мигрантите, раст на популарноста на антисемитското движење Пет ѕвезди, евроскептицизмот и враќањето на Берлускони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×