Десподов за Кариера: Јавниот и приватниот сектор треба да создаваат услови за младите да се самореализираат
Објавено на од во Економија
Дијана Десподов е извршен директор на Американската стопанска комора во Македонија – АмЧам, бизнис заедница на 130те најголеми компании во земјава. Таа е искусен ПР професионалец со исклучително силен капацитет за градење партнерства. Во интервју за за KARIERA.mk, таа, меѓудругото, вели: „Јавниот и приватниот сектор треба да работат во насока на создавање на услови младите да се самореализираат“.
dijana2Запрашана за економските предизвици на македонските компании во Република Северна Македонија, таа оценува дека според нејзините сознанија, како што вели, добиени од честата комуникација со членките на АмЧам, „најголемите предизвици за компаниите се сивата економија, законодавната непредвидливост, и недостатокот на работна сила“.
„Се разбира тука е и корупцијата како предизвик на целото општество. Сивата економија претставува 30% од севкупната економија и не само што го оштетува државниот буџет, туку и ги прави компаниите помалку конкурентни. Компаниите кои ги почитуваат законите и плаќаат даноци и придонеси имаат поголеми расходи и не можаат да им конкурираат со цени на тие кои се дел од сивата економија. При толку голема сива економија сите губат, и државната каса, и компаниите, и граѓаните кои не добиваат квалитетни производи и услуги. Законодавната непредвидливост во која закони се носат без најава, по скратена постапка, и без јавни консултации создава чувство на несигурност кај компаниите и не им дозволува долгорочно да планираат и да инвестираат во проширување и раст. Но, најголем предизвик е недостатокот на работна сила кој е резултат на иселување на граѓаните и несинхронизираност помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот. Имаме хиперпродукција на дипломирани правници и економисти кои не можат да најдат работа а од друга страна огромен недостаток на заварувачи и машинобравари. Исто така, бидејќи платите ги одредува пазарот на трудот по принципот на понуда и побарувачка моментално заварувачите се платени подобро од правниците. Мораме да го напуштиме принципот на “учи синко/ќерко за да не работиш” и да градиме кадри врз основа на побарувачката на пазарот на трудот“.
Но, додава таа во останатиот дел од интервјуто, пречка е и то аштто младите не покажуваат доволно претприемачки дух.
„…Ми пречи што нашите млади не покажуваат доволно претприемачки дух. Се чини дека им е комотно во нивната комфорна зона и не сакаат да преземаат ризици и да творат и создаваат. Младите треба да создаваат можности наместо да чекаат некој да им ги даде. Се разбира, и јавниот и приватниот сектор треба да работат во насока на создавање на услови младите да се самореализираат. Глобалната економија и зголемената поврзаност ја менуваат природата на работата и гледаме дека алтернативните форми на работа како фриленсинг, работа на далечина, и онлајн работење земаат се поголем замав и треба да ја ускладиме законската регулатива за да отвориме простор овие форми на вработување да станат дел од формалната економија“.
Целото интервју можете да го прочитате на следниов линк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×