Деспотовски: Две третини од компаниите што ги завршија проектите остваруваат приходи и веќе враќаат средства
Објавено на од во Економија
Компаниите што спровеле проекти финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој веќе остваруваат приходи и вратиле дел од инвестираното во Фондот.
DESPOTOVSKI-Jovan-WEB-1024x600Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски денеска изјави дека од 35 компании што во периодот од 2015 до 2018 година ги завршиле проектите, две третини од нив веќе остваруваат приходи и почнале да ги враќаат парите.
„Две третини од оние што се завршени, веќе враќаат средства. Веќе имаме наменска сметка на која доаѓаат парите“, рече Деспотовски, додавајќи дека тоа е мал процент, но, оти е добро што има ефект од вложените средства.
Додаде дека анализата што ја има направено Фондот укажува дека компаниите што биле кофинансирани го зголемиле приходот за 50 проценти и забележале раст на добивката од 60 проценти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×