Деспотовски: Голем интерес кај стартап-компаниите за финансиска поддршка од ФИТР
Објавено на од во Економија

На повикот „СтартАПувај“ на ФИТР и Светска банка аплицирале 186 компании.

despotovski-j2-1170x731

Вкупно 186 компании аплицираа на повикот „СтартАПувај“ што Фондот за иновации и технолошки развој го реализира во соработка со Светска банка, во кој целна група беше младата популација во земјава, а главна цел да се поттикнат младите луѓе да формираат свој бизнис

Во Фондот за иновации и технолошки развој беа презентирани првичните резултати по завршената административна проверка на пристигнати апликации на јавниот повик за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф – СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка.

Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, потенцира дека интересот за аплицирање е голем, особено кај младите луѓе. Според податоците, на повикот аплицирале 186 компании, а побарани се петпати повеќе средства од предвидениот буџет за инструментот, кој изнесува еден милион евра.

Деспотовски нагласи дека позитивно е тоа што 91 отсто од компаниите првпат учествуваат на јавен повик организиран од страна на Фондот, како и тоа дека дури две третини од компаниите што аплицирале не се постари од една година, а повеќе од 50 проценти од нив се основани по објавата на јавниот повик.

„Она што особено нè охрабрува е што сме успеале во намерата да ги поттикнеме младите да размислуваат, покрај работа во јавен сектор или да си заминат од државата, да останат овде, да отворат свој бизнис и да аплицираат за поддршка во Фондот. Тоа ни беше и основната цел со овој повик“, истакна Деспотовски.

Најголем број предлог-проекти се во ИТ-индустријата, но застапени се и 20 други сектори, како земјоделството, автомобилската индустрија, транспортот, економијата, маркетинг и медицина. Исто така, компаниите предвидуваат отворање 409 нови работни места со просечна плата од над 30.000 денари.

Според Деспотовски, дополнителен позитивен показател е податокот дека со овој повик се поттикнува женското претприемаштво во земјата, односно дури 35 проценти од компаниите апликанти имаат жена управител или член на сопственичката структура.

„Ова се показатели што говорат дека сме успеале да ја придвижиме македонската стартап-заедница и полека да ја менуваме свеста во земјата, особено кај младите, дека може да креираат успешни бизнис-приказни дома“, заклучи Деспотовски.

Во тек е процесот на претселекција од страна на надворешни експерти. Се очекува целиот процес за биде заокружен за еден месец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×