Deutsche Telekom на MWC најави подготвеност за 5G и поврзаност во авионите
Објавено на од во hi-tech & business

Подготвеност за 5G во 2020 година и за поврзување и пристап до интернет во авионите, истакна Deutsche Telekomна Светскиот конгрес на мобилната индустрија (Mobile World Congress – MWC).

„Во партнерство со Huawei и Intel покажавме дека разговорите и договорите околу 5G се можни, и оти интероперабилноста меѓу техничките компоненти на различни производители базирани на новиот стандард може да функционира“, изјави членката на Управата на DT за технологија и иновации, Калудија Немат.

Таа нагласи дека сѐ на што DT работи ќе се почувствува во земјите во кои се присутни членките на DT групата. Компанијата само во Германија во 2017 година изградила 40 илјади километри оптичка мрежа, што е повеќе од вкупната мрежа на федералните патишта во километри.

Претседателот на Управата на DT, Тим Хотгес, нагласи дека мрежата на DT во Европа има скоро 700 илјади километри оптички влакна, и оти компанијата во 2017 година во Европа вложила над 7 милијарди евра.

За илустрација на поврзувањето и пристапот до интернет во авионите, Хотгес на конференцијата на MWC разговараше со голманот на Баерн од Минхен, Мануел Ноер, кој се наоѓаше во авион на лет меѓу Минхен и Франкфурт, со што се докажа дека европската мрежа EAN (European Aviation Network) е подготвена за употреба.

„Сега сѐ зависи од авиокомпаниите. Брзиот широкопојасен пристап како стандард е можен и во авионите“, изјави Хотгес.

DT со партнерите Inmarsat и Nokia го доврши EAN, како прва интегрирана сателитска и LTE мрежа во Европа, во рамките на што во 30 европски градови изгради околу 300 базни станици за целта. Сѐ се темели на EAN сателитот што Inmarsat успешно го лансираше во вселената минатото лето и е целосно функционален, а освен British Airways како прв купувач, се очекува тоа да го сторат и други членки на International Airlines Grupe (IAG).

MWC во Барселона се одржува од 26 февруари до 1 март со над 2.300 изложувачи од 200 земји, под мотото „Создавање подобра иднина“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×