Џ. К. Роулинг е најплатена европска славна личност
Објавено на од во lifestyle

Авторката на серијалот за Хари Потер, Џ. К. Роулинг, е најплатена европска славна личност во 2017 година, со заработувачка од 95 милиони долари, пренесува британски Телеграф.

Скоро половина од оваа сума, во која не се пресметани даноците и останатите трошоци, дошла од работата на претставата Хари Потер и проколнатото дете, чие сценарио објавено како книга, во 2016 година е продадено во 1,3 милиони примероци. Претставата се игра во театрите во Лондон и во Њујорк.

Според податоците на Форбс, Роулинг е, исто така, најплатен светски книжевник, и трета најплатена славна личност во светот.

Првите 20 славни личности на листата вкупно имале приходи од 1,06 милијарди долари во последните 12 месеци.

На второ место се наоѓа фудбалерот Кристијано Роналдо, со 93 милиони приходи, а следат групата Колдплеј, пејачката Адел, тенисерот Роџер Федерер и готвачот Гордон Ремзи.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×