Џафери ја прескокна точката за законот за јазиците
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прескокна точката за законот за употреба на јазиците со која требаше да продолжи денешната 32 седница. Наместо тоа, седницата продолжи со гласање по други точки од дневниот ред.

Претходно, во процедурална забелешка, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да не се расправа за законот за јазиците и седницата да биде прекината за Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да расправа за сите аспкети поврзани со одредбите од Деловникот за над 35.500 амандмани на партијата.

По изгласувањето на измените на Законот за продажба на земјоделско земјиште во скратена постапка и на Законот за плати и други надоместоци на избрани и други лица (прво читање), Џафери објави редовна пауза.

Пред седницата, беа одржани координативни средби на пратеничките групи со лидерите на нивните партии во врска со законот за јазиците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×