Џафери: Опозицијата наскоро може да се врати во Собранието
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, очекува во наредните денови да се најде решение за над 35-те илјади амандмани на Законот за употреба на јазиците поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Комуницирам со претставници на пратеничките групи, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека сме блиску до решение“, рече Џафери на денешната средба со новинарите во Собранието.

Прашан дали решение би било да се расправа за амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, Џафери рече дека отворањето дебата за нив би значело блокада на работата на Собранието. Целта, како што наведе, е да се избегне блокада на Собранието. Процедурално, како што кажа, тој нема да дозволи да се случи блокада во законодавниот дом.

За Законот за јазиците станало збор и на средбите со тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, кои се иницијатори на разговорите во рамки на Жан Моне процесот.

Првата средба со претставници на парламентарните партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде одржана на 15 март, но доколку не се обезбеди присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и експерти, разговорите би можеле да бидат одложени за мај.

Теми на овие разговори ќе бидат измени на Деловникот за работа Парламентот и Етичкиот кодекс, но парламентарните групи можат да достават и свои предлози кои би биле ставени на маса.

Политички дијалог во Парламентот има, вели спикерот. Комуникација има на сите нивоа со сите политички партии, а во однос на двотретинските закони и за заштита на сведоци работните групи групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ работат на нивно усогласување. Се надева дека деновиве ќе има конечни согледувања.

Работните групи, според Џафери, разговараат за сите политички прашања вклучувајќи ги и Изборниот законик и составот на Државната изборна комисија (ДИК), но веројатно, вели тој, за тоа ќе се разговара во друг формат не посочувајќи дали тоа би можело да биде на ниво на лидери на партии.

Џафери смета дека наскоро опозицијата би можела да се вклучи повторно во работата на Собранието. Имајќи ги предвид притворите на пратеници и други лица во врска со насилствата во Собранието на 27 април и постапката што се води пред институциите, Џафери смета дека за кратко време и по тој основ ќе престанат аргументите за потребата ВМРО-ДПМНЕ да бидат надвор од Собранието.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×