Џафери прати писмо до Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието,Талат Џафери, денеска со писмо го известил претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Собранието на Република Македонија, соопштија од кабинетот на парламентарниот спикер.

„Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, очекува дека претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, ќе постапи според уставот на Република Македонија“, стои во соопштението.

Претходно од кабинетот на спикерот соопштија дека претседателот на Собранието е во прва официјална посета, и тоа на Брисел.

„На покана на високите преставници на Европската Унија  и Европскиот парламент, претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е во прва официјална посета на ЕУ. Според агендата претседателот  Талат Џафери ќе се сретне со  комесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини“, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.

Тој во Брисел ќе оствари средба и со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, како и со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×