Џеф Безос ја предводи новата листа на Forbes со најбогати, со најголем скок на лично богатство откако истата постои
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Шефот на Amazon, Џеф Безос, е прв милијардер чие богатство надминало 100 милијарди долари, покажува листата на најбогати луѓе објавена од Forbes.

Безос се наоѓа на врвот на листата со 112 милијарди долари, со проценети 39,2 милијарди лани. Тоа е најголем скок на богатство откако се објавува оваа листа, пренесува BBC.

На второ место е основачот на Microsoft, Бил Гејтс, кој листата ја предводеше 18 од 24 години. Неговото богатство денеска изнесува 90 милијарди долари, што е раст во однос на 86-те милијарди, колку што изнесуваше лани.

На трето место се наоѓа американскиот инвеститор Ворен Бафет со 84 милијарди долари, а четврти е најбогатиот Европеец и шефот на компанијата LVMH, која продава луксузни предмети, Французинот Бернар Арно, кој има 72 милијарди долари. Петти е основачот на Facebook, Марк Закерберг, а зад него е сопственикот на Zara (Inditex), Амансио Ортега.

Forbes пишува дека на нивната листа годинава се нашле рекордни 2208 милијардери, кои вкупно вредат 9,1 илјади милијарди долари, што е раст од 18% во однос на лани.

Дваесетте најбогати вредат скоро 1,2 илјади милијарди, што е блиску до БДП на Мексико.

Овогодинешните милијардери доаѓаат од 72 држави, а најнови на пописот се Унгарија и Зимбабве. Најмногу милијардери има во САД, 585, а следи Кина. Германија води во Европа со 123 милијардери, Индија има 119, а Русија 102.

На листата е и американскиот претседател Доналд Трамп, кој паднал 222 места, бидејќи богатството му се намалило од 3,6 на 3,1 милијарди

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×