Џефри Сакс за Западен Балкан: Жалам, географијата не ви е пријател!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
 “Европа мора да стори нешто повеќе за земјите од Западен Балкан, освен да каже ‘нема проширување следните пет години’. A, вие не престанувајте со реформите, затоа што не ги правите за ЕУ, туку за себе“, порача  Сакс на конференција на високо ниво во Виена, на која што присуствуваше и Капитал.

“Колку сте географски подалеку од ЕУ, толку побавно станувате здрава пазарна економија. Европа мора да стори нешто повеќе одошто само да каже ‘нема примање нови членки следните пет години’. Не може да не се прави ништо. Унијата треба да им даде до знаење на земјите од регионов што чекаат на ред за членство, дека ќе продолжи да им помага на патот кон нивниот напредок, да им овозможи да ги почувствуваат придобивките од идното членство“, рече американскиот професор и економист Џефри Сакс, на панел дискусија организирана вчера од ММФ во Виена, на тема “Западен Балкан – 15 години транзиција“.

Сакс, кој што беше советник на повеќе транзициски економии од централна и источна Европа во 1990-те, вели дека по падот на комунизмот, географската локација и окружувањето, а не само капацитетот на институциите, одредувале како ќе оди развојот на секоја од овие држави.

“Полска веднаш по воведувањето на демократијата доби изобилство инвестиции од соседната Германија, а веднаш потоа големи инвестиции од развиените западноевропски земји, па и од САД, добија и Унгарија, Чешка, Словачка… Геополитиката во голема мера ја одреди транзициската судбина на посткомунистичките земји, кои што сите од ред беа нестрпливи за приклучување во евроатлантските интеграции. Но, оние транзициски економии што први влегуваа во ЕУ и НАТО, ги добиваа најголемите привилегии и им се прогледуваше низ прсти за многу работи, за кои што во подоцнежните фази се стегаа критериумите. Денес земјите од Западен Балкан, останаа во предворјето на ЕУ, опкружени со членки на унијата,  и се’ уште со многу предизвици пред нив во смисла на изградба на демократски институции, конкуренција, итн.“, истакна Сакс.

Тој е загрижен околу безбедносната закана за Европа, предизвикана од конфликтот во Украина и затегнатите односи помеѓу Западот и Русија.

“Политичката поделеност во Европа е ужасна работа и опасна за целиот свет”, рече Сакс.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×