Џејмс Матис поднесе оставка поради несогласувањe со Трамп околу Сирија
Објавено на од во Политика

Matis 2Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, поднесе оставка, само еден ден откако претседателот Доналд Трамп објави дека ги повлекува американските војници од Сирија. Во писмото во кое генералот Матис ја објаснува оставката тој јавно ги обзнанува политички разлики со Трамп околу овој потег изјавувајќи дека претседателот има право да назначи некого „чии ставови се подобро усогласени со неговите“.
Генералот Матис (68) ќе ја напушти функцијата во февруари, а претседателот Трамп најави дека наскоро ќе биде именуван неговиот наследник.

Во своето писмо, директно упатено до Трамп, Матис ги опишува своите ставови за „третирање на сојузниците со почит“ и користење на „сите алатки на американската власт да се придонесе во заедничката одбрана“.„Бидејќи имате право да имате секретар за одбрана чии ставови се подобро усогласени со вашите за овие и за други теми, верувам дека е правилно јас да се повлечам од мојата позиција“, напиша тој.
И покрај тоа што не го споменува директно повлекувањето на сириските војници, генералот Матис претходно предупреди дека раното повлекување од земјата ќе биде „стратегиска грешка“.
Тој, исто така, укажа на разлики за голем број други клучни прашања, вклучувајќи ги и Русија и НАТО.

„Моите ставови за третирање на сојузниците со почит и истовремена свесност за малигните актери и стратегиските конкуренти се цврсти и се базирани на повеќе од четири децении вклученост во овие прашања“, пишува генералот Матис.
Тој потврди дека ќе работи на функцијата до крајот на февруари за да „овозможи доволно време за номинирање и потврдување на наследникот“.

Членови на Конгресот од двете страни на политичкиот јаз реагираа шокирано на оставката. Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, од Републиканската партија на самиот Трамп, рече дека е „вознемирен“ што слуша дека оставката, наводно, се должи на „острите разлики“ што ги имал генералот Матис со претседателот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×