Џек Ма – идол на новата кинеска стартап генерација
Објавено на од во луѓе и компании

Ma 1Неговата визија ја менува Кина. И покрај тоа што тој деновиве најави дека ќе се пензионира и ќе ја напушти компанијата која тој ја основаше Alibaba, неговото наследство ќе трае уште долго. Тој направи многу повеќе од тоа едноставно да создаде гигант во електронската трговија.
Рекордната првична јавна емисија на акции на Alibaba ја охрабри технолошката индустрија во земјата. Ма и неговиот тим собраа 25 милијарди долари, што е повеќе од било која друга компанија досега, и ова беше особено важно за вложувачите кои сфатија дека има потенцијал во кинеските стартап фирми.

 

Многу пред да стане најпопуларна фигура во кинескиот бизнис свет Џек Ма бил само професор по англиски јазик, кој се обидува да ги убеди своите пријатели дека еден ден ќе купуваат различни нешта од Интернет.

Неговата визија ја менува Кина. И покрај тоа што тој деновиве најави дека ќе се пензионира и ќе ја напушти компанијата која тој ја основаше Alibaba, неговото наследство ќе трае уште долго.

Тој направи многу повеќе од тоа едноставно да создаде гигант во електронската трговија, кој ќе прерасне во највисоко оценета компанија во Азија.

Тој покажа дека иновативните приватни компании можат да го преживеат под управувањето на режимот на Комунистичката партија, што е често сомничава кон амбициозните капиталисти. Вреди да се одбележи дека неговиот успех создаде модел кој доведе до раст на технолошката индустрија која се натпреварува со Силиконската долина, насочувајќи ја кинеската економија за прв пат да ја засени економијата на САД.

Сега Ма е најбогат човек во Кина, со богатство од околу 40 милијарди долари и е клучна личност на големите бизнис и политички настани како Давос.

Неговиот пристап покажува дека претприемачкиот успех може да се постигне и во комунистичкиот режим, отворајќи го патот за нов бран на стартап компании.

“Тој е пример за нашата генерација”, вели Пеиран Веи, 36-годишен човек кој тврди дека има доверба да биде меѓу програмерите на развој на апликации наречени VideoUp. Според Веи, оваа храброст во голема мера се должи на Ма и Alibaba.

Личната историја на Џек Ма се претвора во нешто како училишна легенда. Роден е во 1964 година во семејството на кинески музичар во Хангжу, антички град познат по неговите историски објекти и природна убавина. Ма го усовршил англискиот јазик во главниот хотел во градот каде што разговарал со туристите.

Откако работи како учител, Ма се насочува кон бизнисот. Тој ја основал Alibaba.com во 1999 година со 17 други ко-основачи. Во тоа време, тој не бил најдобро запознаен со технологијата, ниту, пак, бил најпаметниот. Но, се покажа како инспиративен лидер кој може да ги искористи своите сили за да се бори против странските играчи и да создаде визија за модернизација на кинеската економија.

“Интелигентните луѓе имаат потреба од будала да ги водат”, вели Ма. “Полесно е да се успее ако имате луѓе кои гледаат на работите од различни перспективи”.

Alibaba се насочува кон електронска трговија во пооддалечени населени места во Кина, проширувајќи ги своите операции кон вештачка интелигенција, здравство и холивудски филмови. Помалку од 20 години по основањето на фирмата, вредноста на бизнисот кои Џек Ма и коосновачите го изградија достигнува 420 милијарди долари. Тоа е повеќе од која било друга стара компанија во земјата.

“Тој ја создаде компанијата со 18 луѓе во еден стан”, вели Веи, кој исто така е од Хангжу. “Тоа е 20-годишен станбен комплекс со апартмани кој не изгледа убаво, но сепак сум инспириран од него кога и да поминам покрај него”.

Еден од првите кои го видоа потенцијалот во Ма е јапонeцот Масајоши Син. Неговата SoftBank група беше главен инвеститор на Alibaba на 20 милиони долари во 2000 година, а сега поседува влог од 120 милијарди долари.

“Тој немаше бизнис план, немаше приходи”, раскажува Син. “Но, неговите очи беа многу силни. Од начинот на кој зборуваше, можам да кажам дека има харизма и има лидерски квалитети “.
Рекордната првична јавна емисија на акции на Alibaba ја охрабри технолошката индустрија во земјата. Ма и неговиот тим собраа 25 милијарди долари, што е повеќе од било која друга компанија досега, и ова беше особено важно за вложувачите кои сфатија дека има потенцијал во кинеските стартап фирми.

Ефектот беше моментален. Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi беше меѓу првите кои имаат корист.

Ма не е само успешен. Тој ја претставата за кинеските бизнис лидери кои вообичаено не ги покажуваат своите лица. За време на прославата на компанијата, Џек Ма се облече како Мајкл Џексон и се обиде да го одигра на сцената познатиот месечев од. За многумина, тој е лицето на кинескиот интернет.Од оваа позиција, Џек Ма понекогаш ја критикува неговата родна земја, вклучувајќи ги проблемите со загадувањето – потенцијално опасна позиција, со оглед на моќта на владејачката партија. Но, тој често и ги брани активностите на владата против критичарите.

Но, веројатно умее тоа и да си го наплати, со тоа што кинеските власти го направија многу тешко, речиси невозможно работењето на странски фирми од типот на Alibaba во Кина.

Од бизнис аспект, Ма често е споредуван со Џеф Безос, бидејќи компаниите на двајцата се занимаваат со електронска трговија. Но, можеби подобра би била споредбата со Бил Хјулит и Дејв Пакард, основачите на компанијата Хјулит-Пакард, кои разработија трансформирачки иновации и го одбележаа стартот на следната генерација на технолошки компании.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×