„Џенерал Електрик“ укинува повеќе од 1.000 работни места во Франција
Објавено на од во Економија
„Џенерал Електрик“ ќе укине 1.050 работни места во своите компании на истокот од Франција, соопшти раководството на американскиот гигант.
GE-Leaving the Dow„Џенерал Електрик“ пред претставниците на вработените ги претстави плановите за реорганизација на филијалата за производство на гасни турбини и помошните служби, што може да резултира со укинување до 1.044 работни места, главно во градовите Белфор, Бургоњ и Булоњ-Бијанкур.
Погоните за производство на гасни турбини во Белфор и Бургоњ ќе останат без 792 од вкупно 1.800 работни места, додека 252 места ќе бидат укинати во администрацијата наследена од компанијата „Алстом“, која „Џенерал Електрик“ ја купи пред три години.
„Тоа се повеќе од половина од вработените… што ќе ги загубат своите работни места“, наведува во соопштени градоначалникот на Белфор, Дамиен Месло.
Оваа бројката е малку повисока од онаа што ја очекуваа синдикатите, бидејќи последните гласини говореа за укинување на 800 до 1000 работни места.
Согласно плановите, фабриката на „Џенерал Електрик“ во Шонас л’Амбалан во Изер, која изработува делови за турбините на гас и вработува 30 лица, ќе биде продадена.
„Џенерал Електрик“ го купи погонот на „Алстом“ во Белфор во 1999 година, а целиот енергетски сектор на компанијата во ноември 2015 година, кога актуелниот француски претседател Емануел Макрон беше министер за економија.
Американскиот гигант очекуваше бум секторот за гасните турбини, но пазарот доживеа колапс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×