Џенерал Моторс: Извршната директорка одбила спојување со Фиат
Објавено на од во Компании
Серџо Маркионе, шефот на Фиат, побарал состанок со неговата колешка од Џенерал Моторс, Мери Бара, за да дискутираат околу евентуалното спојување на двете компании, тврди Њујорк Тајмс. Таа со леснотија го одбила.

Главната извршна директорка  на Џенерал Моторс, Мери Бара, ја отфрлила идејата на првиот човек на Фиат, Серџо Маркионе за спојување на двете компании. Њујорк Тајмс тврди дека во март Маркионе испратил и-мејл со намера да се организира голем состанок на кој што би се дискутирало за мега-спојувањето. Но, Мери Бара тоа го одбила, пренесува американскиот весник.

“Бара со леснотија го одбила предлогот“, пишува Њујорк Тајмс повикувајќи се на извори добро запознаени со ситуацијата.

Нејзината одлука не е изненадување, според аналитичарите. Тие проценуваат дека Фиат, кој што е сопственик на американскиот Крајслер е меѓу најзадолжените автомобилски компании. Покрај тоа, се очекува дека Фиат ќе потроши уште многу пари за да го оживее својот бренд Алфа Ромео, а ќе има и големи проблеми да пронајде кредибилен партнер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×