Џес Бејли: Има мерки што Владата може да ги преземе без да преговара
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Загрижени сме, бидејќи кризава има два загрижувачки аспекти: како се дошло до разговорите, и на што укажува нивната содржина – на некои загрижувачки состојби на македонските институции. Важно е да се прегледаат двете страни на тој проблем“, изјави американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, во емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма. За да се обезбеди кредибилноста на целиот процес, Белји порача тоа да се направи „ако треба и со смени и со оставки на лица каде што има конфликт на интереси, за што не се потребни политички преговори“. Во контекстот тој го спомена и американското искуство во ситуации кога неговата земја требало да обезбеди гаранции за кредибилитетот на одредена истрага.

„Сме имале ситуации во кои биле потребни смени, прераспределување на инволвираните лица каде што има конфликт на интереси, суспендирања, па, дури и оставки. Не со цел да се утврди вина, туку за граѓаните да се уверат дека истрагата ќе се одвива на кредибилен начин. Мислам дека е исто важно за Македонија да си ги увери граѓаните и меѓународните партнери дека ги почитува вредностите на ЕУ и на НАТО. Има мерки кои Владата може уште веднаш да ги преземе и тие би можеле да ги подобрат институциите кои што Македонија ги градеше 25 години. Не мислам дека за тоа се потребни политички преговарања“, изјави амбасадорот.

Во однос на последните случувања (нападот во Гошинце), Белји не сака да шпекулира дали политичката криза се претвора во безбедносна, но,ги пофали смирените ракции на луѓето. Впечаток на амбасадорот е дека граѓаните на Македонија, без разлика на партиската, етничката и религиската припадност, скоро сите сакаат да ја видат земјата во Европската унија и во НАТО, како напредна, мултиетничка демократија, а САД, како што рече, ги поддржуваат овие цели од почетокот на независноста, како пријатели на Македонија.

Според оценката на Бејли партнерите на Македонија од меѓународната заедница можат само да го олеснат процесот на решавање на политичката криза во земјата, „а останува на лидерите на Македонија, и на народот, да ја решат оваа криза, да ги извлечат фактите, и да направат исчекор кон иднината која е заедничка за сите“.

Амбасадорот порача и дека обелоденувањата на прислушуваните разговори покренале сериозни обвинувања што мора да се проверат:„Овие обелоденувања покренаа сериозни наводни обвинувања. Велам наводни, затоа што не можам да ги проверам сите. Околу владеењето на законот, околу независноста на судството, околу изборите, и околу односите на Владата со медумите. Мислам дека овие прашања се сериозни и мора да проверат. Мислам дека делумно имаат одек, затоа што овие прашања се појавувале во извештаи на Комисијата на ЕУ, на ОБСЕ за медиумите или за изборите, а и во нашите извештаи за човекови права. Мислам дека е важно, Владата, како што рековме да ги земе предвид“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×