Џес Бејли од Y2B форумот со порака до младите: Јасно кажете што ви треба за да останете во земјата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Наскоро во Македонија доаѓаат избори. Ова е можност вие како младина да станете активни и да разговарате со политичките актери за феноменот brain drain. Јасно кажете што ви треба за да останете овде во земјава”. Ова го истакна амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на отворањето на денешниот форум Youth2Business, на тема brain drain.

Macedonia Y2B Forum 2015 го организираат студентската организација АИЕСЕК и Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Форумот се одржува секоја година на повеќе локации низ светот преку интернационалната платформа АИЕСЕК, а настанот ја зближува проактивната младина со врвните бизнис лидери, како и со реномираните лица од високо образовната институција. Преку разговори, панел дискусии, вмрежување, работилници … заедно развиваат решенија за локални и глобални проблеми, при што се генерираат конструктивни идеи со влијание врз општествените процеси.

Една од најважните теми за овогодинешното, трето издание на форумот, е будењето на свеста кај младите студенти и лидери за потребата од итно преземање чекори против одливот на мозоци од Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×