ДХЛ Експрес Македонија ги испитува можностите да прерасне во регионален збирен центар
Објавено на од во Компании
За прв пат на Аеродромот Скопје долета 48 метарскиот авион на ДХЛ Експрес од типот Boeing 757-200 freighter со носивост од 28 тони. Брендираниот авион оперира 5 дена во неделата и ја поврзува Македонија со остатокот од светот на дневна основа.
boing1
Најголемата курирска компанија во Македонија, ДХЛ Експрес, од 20-ти Август 2019 година транспортот го врши со моќниот Boeing 757-200 freighter како дел од тестирање на капацитетите со цел Скопје да стане регионален збирен центар на ДХЛ.
За прв пат на Аеродромот Скопје долета 48 метарскиот авион на ДХЛ Експрес од типот Boeing 757-200 freighter со носивост од 28 тони. Брендираниот авион оперира 5 дена во неделата и ја поврзува Македонија со остатокот од светот на дневна основа.
Според податоците на Државниот завод за статистика,  оваа година карго транспортот бележи драстичен пораст до 72,8% .
 „Во контекст на динамичниот пораст на карго материјалот во Македонија, ДХЛ како пионер и лидер на македонскиот пазар за курирски услуги, со цел да им излезе во пресрет на барањата и потребите на клиентите, деновиве активно ги тестира можностите за зголемување на капацитетите од и конМакедонија, брзината на утовар и истовар, увозно-извозно процесирање, со цел Скопје да стане регионален збирени сортиренцентар на ДХЛ“, вели Радослав Нановиќ, генерален директор на ДХЛ Експрес Македонија.
  Првата фаза од тестирањето се извршиминатата година, за време на божиќните празници, кога скопскиот аеродром беше збирен центар за авионите кои доаѓаа од соседните земји, и од тука централно пратките се транспортираа во најголемиот сортирен центар на ДХЛ во Лајпциг.
boing3
“Како пионер и лидер на македонскиот пазар за транспортни услуги со стратешка позиција на пазарот, DHL има јасна визија за подобрување на процесите и услугите.Предводени од стремежот не само да ги задоволиме барањата на клиентите, туку и да ги надминеме нивните очекувања секогаш ги етаблираме најиновативните решенија во логистикатa. Континуирано инвестираме во инфраструктурата, проширувањето на нашите ресурси и капацитети, иновативната технологија, дигитализација, како и во развојот на нашите вработени. Сметам дека ова се клучните фактори за подобрување на корисничкото искуство и квалитетот на нашата услуга, кои не диференцираат од останатите.” – истакнува Нановиќ.
 ДХЛ  Експрес  Македонија  Дооел  е  прва  курирска  компанија  присутна  во Македонија, формирана како претпријатие со 100% странски капитал и рамноправен  член  на  DHL  Worldwide  Network. Системот  на  DHL  Worldwide Network  опслужува повеќе од 4,2 милиони клиенти на 675.000 дестинации во повеќе од 220 земји и  територии, со тим од 160.000 професионално обучени вработени, сопствена флота од 255  авиони и 75.000 возила по принципот “од врата до врата”. ДХЛ Експрес Македонија како дел од светската мрежа на ДХЛ постои 26 години. Долгото присуство на македонскиот пазар, како и фактот дека се работи за компанија основана од страна на DHL Worldwide Network, а не за агент или овластен претставник, го етаблира како лидер на овој пазар на услуги и во  Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×