Џо Бајден неделава во регионот – ќе учествува на самитот на лидери на Југоисточна Европа
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Joe_BidenПотпретседателот на САД, Џо Бајден во среда доаѓа на самитот на лидери на Југоисточна Европа и европските сили во Хрватска. Целта на состанокот, како што пишуваат медиумите, е враќање на интересите на најголемата светска сила во решавање на горчливите проблеми во Југоисточна Европа.

Состанокот ќе се одржи на островот Бриони, каде секоја година се собираат земјите кои настанаа по распадот на Југославија плус Албанија и е одлична платформа каде потпретседателот на САД ќе најави поактивен ангажман на Вашингтон во овој дел од Европа.

Клучните теми, како што се пишува, ќе бидат прашањето за стабилизација на Југоисточна Европа, политички и безбедносно.

Инаку, Бајден последен пат беше во официјална посета на Балканот во 2009 година. Освен Бајден, на самитот повикани се и канцеларката Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×