Џон Далтон, директор на Лондонската школа за односи со јавноста, доаѓа во Скопје
Објавено на од во Интервју
Директорот на Лондонската школа за односи со јавноста со нетрпение го очекува стартот на предавањата во Скопје. Оваа есен според него ќе значи поместување на границите на ПР индустријата и квалитативен исчекор во поглед на едукацијата за професионалците во доменот на комуникациите. Во ексклузивно интервју за Маркетинг365, Џон Далтон зборува за тоа што значи да се биде врвен комуникатор во дигиталната ера.
џон-далтонЛондонската школа за односи со јавност се враќа на македонската ПР сцена. Колку ја познавате локалната индустрија на медиумите и односите со јавноста и кои се Вашите очекувања?
Да бидам искрен, не сум многу запознаен со локалните проблеми, но пред  да дојдам ќе се потрудам да спроведам сопствено истражување.  Сепак, свесен сум за регионалните проблеми на геополитичко ниво, како и за клучните проблеми со кои се соочува регионот.  Во смисла на односите со јавноста, имам правено неколку анализи на ПР пазарот и имам чувство дека многу малку се направило за десетте топ агенции кои носат два милиони евра.  Но, отсекогаш сум се восхитувал на надежта и креативноста на луѓето од вашиот регион и затоа верувам дека ПР-от ќе преживее и ќе се надградува.
На кој начин ги развивате и надградувате модулите согласно пазарните и глобалните трендови?
Добро прашање; наједноставниот одговор е преку скенирање на средината и слушање на општеството.  Медиумите во Обединетото Кралство изобилуваат со информации.  Лондонската школа за односи со јавноста на дневно ниво ги следи Reuters, Bloomberg, the Financial Times, CSR Europe, PR Week и други извори како Holmes Report со цел да добие претстава за промените и новите трендови.  Се трудиме да ја избегнеме асимилацијата на  површните трендови, фокусирајќи се повеќе на она што се чини дека навистина се менува и се случува. Појавата на Инстаграм како многу сериозен социјален медиум е извор на можности за многу различни пазари или за интеграција на  корпоративна општествена одговорност  во бизнис моделот. Инстаграм, на пример, го промени начинот на кој патуваме и таквите информации треба да бидат објаснети во рамки на модулите.  Трендовите како што е Employer Branding  сега се реалност, особено од појавата на сајтови како Glassdoor, кој исто така е клучен инфлуенсер.
Застапувањето на брендот, креативното внимание, растот на општествената цел како и појавата на предизвикувачки брендови се најнови примери за тоа како нашата содржина се прилагодува за да го рефлектира тоа што се случува. Во кризниот менаџмент (управувањето со кризи), на пример, воведовме повеќе работи кои се однесуваат на стратешкото предвидување и планирање на сценарија за да го зголемиме традиционалното управување со кризи. На Лондонската школа за односи со јавноста имаме предавања за традиционалното управување со кризи (подготвеност, акутна фаза, кризна комуникација, обновување и последователни фази), но исто така учиме и паралелно планирање на сценариото, скенирање на хоризонтот, управување со проблеми и Red Teaming.
Дали можете да го опишете профилот на еден учесник на Лондонската школа за односи со јавност? Кој може да има корист од оваа програма?
Тоа се обично луѓе до 40 години кои имаат долгогодишно искуство во комуникации или брендирање, но кои немаат формално образование во нивната сфера.  Тие се добро образовани, но тоа не е неопходно.  Покрај тоа, еден типичен клиент на Лондонската школа за односи со јавноста може да биде одлично прилагоден на локалниот или регионалниот пазар, но доколку не работи со мултинационални компании, многу мала е веројатноста дека тие ќе бидат свесни што се случува глобално во Америка, Велика Британија, Франција, Германија или други земји од англиско говорно подрачје кои се колевки на ПР-от.  Лондонската школа за односи со јавноста помага во обезбедување на оваа поширока глобална перспектива и носи нови идеи и различни начини на приближување кон комуникациите. Секој кој е вклучен во комуникациите и развојот на стратешки бренд може да има корист од оваа школа.
Дали сите студенти, од секоја земја каде Лондонската школа за односи со јавност е присутна, добиваат исти дипломи како и студентите во Лондон?
Да, тоа е фундаментално. Сите сертификати се одобруваат во Лондон и се потпишани од мене откако ќе се потврди дека студентот целосно ја завршил обуката.  Ниту еден оператор на франшиза не може да функционира без врската со центарот во Лондон.
Лондонската школа за односи со јавност е водечка образовна програма повеќе од 25 години, што сметате дека е Ваш најголем успех? 
Конзистентноста на брендот, квалитетот на модулите, почитување на договореното и стабилноста на партнерите – ова се вистинските причини за успешното опстојување на толку различни пазари. Лондонската школа за односи со јавност не можеше да биде успешна без силни, чесни и интелигентни партнери. Почнав во Словенија уште во 1999 година со Божидар Новак, и преку својата визија влегов во многу балкански земји. Имам одличен партнер во Represent Communications во Белград, Сараево и сега во Скопје. Бора Миљановиќ е мој партнер и драг пријател од овој регион, и му верувам на неговите одлуки како на свои – затоа сме релативно успешни – тимска работа. Го гледав Бора како го подигна Represent од неколку луѓе пред 10 години до сериозно голем бизнис со силен углед во содржинскиот и дигиталниот маркетинг.
Како гледате на улогата на комуникаторите во иднина имајќи ги во предвид брзите промени во медиумите во дигиталната ера?
Дигиталната ера ја искина структурата на комуникациската индустрија и и’ дозволи да се развие во пекол и рај. Социјалните медиуми и интернетот се рај за креативните комуникатори и бренд менаџери со оглед дека им овозможуваат бројни можности за пренесување на пораки, голем дофат и интеракција. Но исто така, тие се пекол за бренд менаџерите кои се повеќе ја губат контролата врз нивните брендови. Содржините од страна на корисниците ги прави нервозни бренд менаџерите бидејќи доволен е еден лош пост на одреден сајт за да го намали капиталот и да влијае на продажбата без оглед дали е вистинит или не.
Иднината на комуникациите е јасно дека ќе биде водена и обликувана според алгоритми и истата ќе биде поразена од страна на технологиите за гласовно управување како и XR технологиите ( Проширена реалност, Виртуелна реалност, Аугментирана реалност, Мешани реалности).  Физичките елементи на брендови (на пример, малопродажбата) ќе се намалат, бидејќи повеќе модели на онлајн е-бизниси ќе се појават со шопинг и пребарување во голема мера од страна на паметните телефони. Технологијата води до уште поголемо изместување на поимањето на многу брендови и сектори.  Јас сум возбуден за бескрајните можности, но и подеднакво свесен за проблемите кои ќе настанат заедно со овие можности.  Сите треба да сме свесни за ситуацијата и постојано да ги надградуваме нашите вештини.
Едвај чекам повторно да предавам во вашата земја и навистина се восхитувам на трудот, професионалноста и издржливоста на ЛСПР во регионот и имам големи надежи за ЛСПР Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×