Џонсон денеска ќе ја соопшти „конечната понуда“ за Брегзит
Објавено на од во Политика
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска ќе ја објави конечната понуда за договорот за Брегзит, но и ќе му соопшти на Брисел дека освен ако ЕУ не се согласи, Велика Британија нема понатаму да преговара и ќе ја напушти Унијата на 31 октомври без договор.
Boris-DzonsonЏонсон во завршниот говор на годишната конференција на конзервативците рече дека ќе соопшти детали за понудата, за која смета дека е фер и одговорна.
Во соопштение кое неговиот кабинет го објави доцна синоќа, се наведува дека Џонсон „под никакви околности“ нема да бара одложување на Брегзит на претстојниот самит во Брисел на 17 и 18 октомври.
Британскиот весник „Телеграф“ објави дека според новиот план, Северна Ирска ќе остане во посебен однос со ЕУ до 2025 година, по што Белфаст ќе одлучи дали ќе остане во Унијата или ќе се врати на британските правила. Предвидено е и покраината да ја напушти царинската унија на ЕУ заедно со Велика Британија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×