Џорџ Фридман од Stratfor: Подготвувајте се за војна!
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Не поминал век без „системска војна“, а и актуелниов нема да биде исклучок, вели за Business Insider основачот на аналитичката компанија Stratfor, Џорџ Фридман. Според него, војната ќе почне на истокот на Европа и на Блискиот исток.

Сценаријата како во Сирија и во источна Украина подразбираат недржавни групи со поддршка од други држави да се борат со владите на земјите, но , сепак, за да има војна на копно меѓу две држави треба да се вратиме во 2003 година, на американската инвазија на Ирак, пишува Business Insider.Danger of nuclear war illustration with multiple explosions

Двете светски војни се докази за нестабилноста на меѓународниот систем што одобрувал борбени акции за решавање на меѓудржавните конфликти во својство на законски мерки на надворешната политика, а не како крајно средство.

По завршувањето на Втората светска војна политичките и правните системи на различните држави се градени на идејата да се спречи нова војна, но, Business Insider од Џорџ Фридман добил став дека меѓудржавните воени акции може одново да станат актуелни.

Основачот на Stratfor потсетува дека и претходно во историјатаимало периоди кога аналитичарите погрешно сметале дека државите веќе никогаш нема меѓусебно да војуваат.

Според анализата на Фридман секој меѓународен систем има „судбински недостатоци“, а и во сегашниот се наоѓа уништувачки фактор.

„Кога такви држави, како Германија, Кина и Русија опаѓаат, и на нивно место доаѓаат други, тогаш почнуваат системските војни. Тогаш станува опасно, зашто не е постигната рамнотежа. Сега ги гледаме системските промени. Подготвувајте се за војна“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×