Џорџ Клуни и ортаците го продадоа својот текила бренд за една милијарда долари
Објавено на од во Компании
Casamigos, сега ќе биде под иста капа со Johnnie Walker, Smirnoff, Hennessy и останатите брендови на жестоки алкохолни пијалоци во сопственост на Diageo
rs_1024x759-140106153327-1024.George-Clooney-Randy-Gerber-Facebook-jmd-010614_copy

Џорџ Клуни и неговите ортаци, Мајкл Мелдман (лево) и Ренди Гербер наздравуваат со Casamigos

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Холивудскиот актер Џорџ Клуни пред четири години  стартуваше компанија за производство на текила на зафрканција што се вели, а сега таа е продадена за една милијарда долари на Diagaeo, најголемиот светски производител на алкохол, сопственик на дузина мега брендови, како Johnnie Walker, Smirnoff, Baileys, Guinness, Hennessy и др., известува  CNBC.

Идејата зад Casamigos, како што е името на брендот текила што ја произведува компанијата на Клуни, освен негова е и на Ренди Гербер, бизнисмен попознат како сопругот на супер – моделот Синди Крафорд и на Мајкл Мелдман, градежен магнат. Клуни и Гербер пред неколку години купиле имоти во Мексико еден до друг и почнале да се дружат уживајќи во текила – толку многу уживале што решиле да си направат своја сопствена текила, има изјавено Клуни за CNBC во 2016.

“Casamigos навистина почна случајно“, вели Гербер за Business Insider. “Како што обично се прави во Мексико, пиевме многу текила, одевме по барови и ресторани, а келнерите и бармените ќе ни препорачаа некој бренд. Некои беа добри, некои не толку, некои пак беа многу скапи. Во еден момент Џорџ ми рече  ‘ Еј, зошто да не си направиме ние текила што ќе биде совршена за нас?“

clooneyportada

А, се’ почна како желба на двајца пријатели да се налеваат со текила до бескрај

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Гербер и Клуни  потрошиле две години за да се сретнат со многу  производители на текила и пробале преку 700 примероци на овој жесток пијалок сe’ додека не наишле на совршениот рецепт за нив. Целта им била да најдат текила што ќе може да ја пијат по цели денови, а да не им ја гори устата и да им прави тежок мамурлак.

Првично, пијалакот бил правен само за нивни потреби, но кога пријателите почнале да нарачуваат по 1000 шишиња годишно, дестилеријата им рекла дека мора да се лиценцира производството.

Тогаш и градежниот магнат Мелдман им се придружува  и тројцата наоѓаат дистрибутер во САД, а во 2013 година стартуваат компанија што ќе ја понуди текилата Casamigos на јавноста. Гербер вели дека сакале производот да има пристапна цена.

“На Џорџ не му требаа пари. Ниту мене, ниту на Мајк. Не ја лансиравме текилата заради тоа, туку сакавме секој да може да си ја дозволи, да не биде тоа некој ексклузивен бренд само за богати“, вели Гербер.

Текилата пакувана во шишиња од 750 мл чини помеѓу 45 и 55 долари, и стана еден од најбрзо растечките брендови, со двојно зголемување на производството помеѓу 2014 и 2015 година. Сега се продава во 20 земји, освен во САД, и во Канада, В.Британија, Австралија, Шпанија, Италија, итн.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×