Џорџ Сорос и други милијардери бараат данок на богатство во САД
Објавено на од во Економија

Некои од најбогатите луѓе во САД бараат данок на богатство (данок на имот). Меѓу нив се и милијардерот Џорџ Сорос, наследничките Реган Прецкер и Абигал Дизни, како и ко-основачот на „Фејсбук“ Крис Хјуз. Според нив, новиот данок ќе помогне во решавањето на огромните разлики меѓу богатите и сиромашните, ќе се соберат средства за борба против климатските промени и друго.

Писмото е насочено кон сите кандидати за претседател на изборите во 2020 година. Милијардерите повикуваат на „умерен” данок на богатството на најбогатите 75.000 семејства во земјата – или 10 % од најбогатиот 1 %. Некои од кандидатите на демократите за шеф на државата веќе предложија сличен данок.

Сенаторката Елизабет Ворен, која ја поддржува идејата, предлага оданочување со 2 отсто на сите средства над 50 милиони или повеќе, како и со 1 процент кога богатството е над една милијарда. Се очекува ова да генерира дополнителни приходи за државната каса од речиси три билиони долари во следните 10 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×