„Ди Велт“: Нова трка за вооружување на Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во Југоисточна Европа се купува оружје како никогаш досега. Во меѓувреме, тензијата меѓу етничките групи се зголемува. Во таква ситуација Русија се меша колку е можно – и на тој начин дополнително го зголемува потенцијалот за конфликт, коментира германскиот весник „Ди Велт“.

tenkНа 26 јули, Романија објави дека ја запрела рускaта испорака на оружје за Србија преку Дунав. Таа се состоеше од десет користени, но модернизирани БРДМ-2, дел од невообичаен пакет за Србија: 30 модернизирани борбени тенкови Т-72 и 30 оклопни возила. Подарок од рускиот народ за српскиот.

Дејствата на Букурешт беа аргументирани со сегашните санкции на ЕУ против
Русија за анексија на Кримскиот Полуостров во 2014 година. Потоа, Русите ги испорачаа тенковите на Србија, користејќи го воздушниот простор на Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан секогаш се стреми кон добри односи со рускиот претседател Владимир Путин.

Српскиот премиер Александар Вучиќ експлицитно му се заблагодари на Путин на 29 јули за неговиот придонес „за зајакнување на моќта на српските вооружени сили“.

Веста ги потенцира амбициите на Србија да ги модернизира своите сили и да изгради силна одбранбена индустрија.

Тоа е експлозивно – затоа што Србија се потпира на Русија за тоа вложување, а таа е земјата која во Украина ја покажа волјата да ја зголеми својата сфера на влијание преку оружје.

Покрај тоа, Србија водеше војна против Хрватска и Косово за време на Слободан Милошевиќ и помагаше за време на босанската војна. Наспроти ова, предупредувањето на српската Влада дека ќе го нападне Косово ако земјата создаде своја армија, звучи како особено заканувачки.

За создавање армија на Косово беше донесена одлука во декември минатата година од страна на Парламентот во Приштина – затоа што Србија се превооружува.

Полска е тешката категорија во регионот.

Процесот е дел од општото преуредување во Источна Европа. Особено новите земји – членки на ЕУ, од Полска и Унгарија до Бугарија, брзаат да ги модернизираат своите безнадежно застарени арсенали од советски стил. Сите земји во регионот имаат долгорочни програми за оружје, во зависност од земјата, од 2014 или 2017 година до 2026 или дури 2030 година. Тие земји се членки на НАТО. Тие го купуваат новото оружје од САД и ЕУ.

Полска е тешката категорија во регионот.

Земјата масовно ги зголемува своите воени расходи – во 2017 година до десет милијарди, 2018 година дури до 12 милијарди долари. Сега е една од малкуте земји – членки на НАТО, кои ги исполнуваат барањата на САД за одбрана во стапка од два процента од БДП, што ја бара претседателот Доналд Трамп. До 2030 година Варшава сака да ја надмине таа бројка и да потроши 2,5 проценти од својот БДП за вооружување, особено за купување супермодерни американски авиони Ф-35.

Унгарија, исто така, размислува да купи Ф-35 и следната година повторно ќе го зголеми воениот буџет за 20 проценти. Исто така, популарни се и германските тенкови „Леопард“ и хеликоптерите „Ербас“.

Романија, исто така, ги зголеми трошоците за одбрана: само во 2017 година земјата двојно ги зголеми трошоците за одбрана од две на четири милијарди долари.

И Хрватска сака да купи американски борбени авиони Ф-16 што е можно поскоро за да ги замени застарените МиГ 21.

Сето ова значи зајакнување на НАТО во регионот, така што не е изненадувачки тоа што Русија се спротивставува на процесот. Додека во земјите од поранешна Југославија, НАТО главно се фокусира на Албанија, Косово и Хрватска, Русија се фокусира на Србија и Република Српска.

Во Косово, САД располагаат со една од најголемите воени бази – „Бондстил“. Русија сака да изгради воена база во Република Српска.

Русија и подарува тенкови и борбени авиони на Србија.

Бидејќи Србите се економски послаби од членките на ЕУ во регионот, Москва им дава
оружје: покрај споменатите тенкови, Белград доби шест борбени авиони МиГ-29,
Белорусија додаде уште осум. Последната достава беше во февруари годинава.

Србија сега има најсилна воздушна сила во регионот. Авионите и тенковите се подароци, но како и да е тие чинат пари. Според извештаите во белградските медиуми, треба сами да плаќаат за модернизација на авионите. Сумата е 185 милиони долари.

Следат системите за воздушна одбрана од типот „Бук 2“ и „Бук 3“.

Србија троши најмногу пари за купување оружје во споредба со поранешните југословенски земји. Во 2017 година, таа потроши 731 милиони долари.

Албанија се најде на второ место со 168 милиони долари.

Ако се земат предвид плановите на Косово да потроши 98 милиони долари следната година за својата планирана армија (од 5.000 војници), албанскиот фактор има сериозна тежина во воениот баланс на Балканот.

Новата трка за вооружување на Балканот е испреплетена со политички аргументи.
Албанија и Косово донесоа одлука за царинска унија. Во Србија, тоа се смета како обид да се создаде Голема Албанија – термин со кој албанската Влада сака да провоцира.

Покрај тоа, сè уште постои идејата на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи да го решат проблемот во нивните билатерални односи со територијална размена. Тоа од своја страна може да доведе до домино ефекти – како разделувањето на Босна и Херцеговина.

Или дури во Македонија, каде што живеат многу Албанци.

Всушност, бидејќи таквите идеи имаат голем потенцијал за конфликти, ЕУ се обидува да ја замолчи таа дебата. Темата сега не е на дневен ред. Сепак, САД се чини дека се отворени за размена на територии ако тоа донесе стабилност на долг рок. Опцијата се уште не е на масата за преговори.

Сепак, сигурно е дека колку повеќе се актуелизира, толку поголема ќе биде опасноста  од политички конфликти во регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×