Дигитализација во сообраќајот: Што е со превозниците?
Објавено на од во Компании
Потребата за дигитализација е многу голема за транспортните компании. Најмногу се работи да се подобри продуктивноста, безбедноста и исплатливоста на транспортната дејност а и да се дигитализира управувањето.
 Digitalizacija u saobracaju
Темата не е нова, но сепак е актуелна. Друмските превозници веќе подолг период користат ИТ алатки како што се TMS, или електронско плаќање на  патарина. Далечинскиот пренос на податоци ЕДИ постои веќе неколку години, но го користат само 35% од компаниите кои работат друмски товарен транспорт.   Денес, превозниците и нивните налогодавачи користат нови генерации   програми и системи кои се исто така достапни и на паметни телефони,  револуционизирајќи го   начинот на кој работат сите вклучени.
 
Технологијата веќе постои, но за нејзиното ставање на располагање е потребно време …
 Од клиентите фалените   нови дигитални технологии   им овозможуваат на превозниците да ги следат своите активности во реално време и да ги анализираат податоците за сообраќајот за да ја оптимизираат продуктивноста и трошоците на нивниот синџир на снабдување и со тоа да се намалат трошоците.  Веб базираните или EDI системите, или клауд софтверот напредуваат на пазарот, да за го дигитализираат синџирот на снабдување. Превозниците се убедени дека дигиталните технологии се од посебен интерес за справување со задачи со ниска додадена вредност и одземаат многу време, но нивното спроведување изостанува претежно кај малите и средни компании кои се вклучени во друмски товарен транспорт. Постојат безброј дигитални понуди дизајнирани да ја олеснат работата во транспортната индустрија. Ова го отежнува изборот, особено ако не секогаш се компатибилни едни со други.
Недостатокот на усогласување на податоците помеѓу различните дигитални решенија и тешкотијата при навикнувањето на овие технологии остануваат пречки за нивната употреба.
Подобрување на управувањето преку дигитализација
Потребата за дигитализација е многу голема за транспортните компании. Најмногу се работи да се подобри продуктивноста, безбедноста и исплатливоста на транспортната дејност а и да се дигитализира управувањето. Овие се важни теми за управителите на фирмите од друмскиот товарен транспорт, бидејќи дигитализацијата успева само со отворен став…
За превозниците, веќе има мрежни дигитални решенија за подобра употреба на податоци што го прават секојдневниот живот полесен за возачите: од управување со времето за возење, предвидување на мерки за одржување камиони и гуми, до администрација, организација на релации, локализација на возила, електронска испратница или транспортна берза. Дигиталните технологии веќе помагаат да се направи секојдневниот живот полесен за превозниците и понатаму ќе бидат неопходен инструмент за патниот транспорт во иднината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×