Дигиталната економија зафаќа 34,8% од БДП на Кина
Објавено на од во Економија
Администрацијата за сајбер-просторот на Кина објави вчера извештај за развојот на дигиталната економија во Кина за 2018 година Од него се гледа дека обемот на дигиталната економија достигна 31.3 трилиони јуани, заземајќи 34.8% од БДП.
digital economyСпоред извештајот, кинескиот иновативен систем постепено се подобрува. До крајот на 2018 година доделени кредити на компании за развој на нови технологии достигнаа сумата од 3.53 трилиони јуани. Во показател за способностa за иновации, Кина се искачи на 17-то место во светот.
Во извештајот се наведува дека дигиталната економија станува нов двигател на економијата. Во 2018 година, обемот на тргување достигна 31.63 трилиони јуани. Онлајн продажбата надмина 9 трилиони јуани. Дигиталната трансформација на земјоделството се движи постојано. Корисниците на онлајн плаќање достигнаа 600 милиони луѓе. Обемот на прекугранична е-трговија рапидно расте.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×