Дигиталните платформи се иднината на банкарството
Објавено на од во Банки и бизнис
slika procredit 2 WEB 960Со технолошки иновации во банкарството до поголема дискреција и персонализирана услуга прилагодена за потребите на секој клиент индивидуално.

 

Брзиот развој на смарт технологиите и се поголемиот број на иновации во сферата на телекомуникациските уреди и мобилни телефони директно влијае и на голем број промени во повеќе сектори од економијата. Бизнисмените континуирано бараат решенија за поголема ефикасност и продуктивност во нивното работење, а токму овие иновативни софтверски решенија им овозможуваат можност за контрола на голем број оперативни операции директно од нивните мобилни уреди. Со употреба на овие технологии и системи, тие го следат бизнисот 24/7, имаат можност да ги забележат сите потенцијални проблеми и да реагираат брзо со цел подобар квалитет на услугата или производот кој го нудат. Работното време, физичкото присуство во канцеларија и координација со поголема група на вработени за комплетирање на анализи се проблеми кои остануваат во минатото.

Следејќи ги овие промени, и банкарската индустрија почна да се прилагодува на модерните технологии и да ги моделира своите услуги и производи согласно ново-креираните потреби на пазарот. Банките успеаја да направат целосен редизајн на традиционалниот модел за опслужување на клиентите. Филијалите распространети на голем број локации, со скапа инфраструктура и фиксни работни часови ги заменија со дигитални платформи кои нудат можност за 24 – часовна услуга за клиентите. Доколку досега беше потребен прилично голем тим на вработени за опслужување на потребите на клиентите од еден град и се очекуваше дека тој тим треба да ги алармира сите промени во однесувањето на потрошувачите, сега локацијата од каде се опслужува клиентот е комплетно ирелевантна. Мобилните апликации и платформите за е – банкарство им овозможија на клиентите да завршат голем број на банкарски трансакции и обврски директно од нивниот компјутер или мобилен телефон. Ниту банките, ниту потрошувачите не размислуваат како да го вратат традиционалното банкарство назад, пред сè затоа што уживаат во предностите кои им ги донесе дигитализацијата. Светските банкарски индустрии го започнаа овој тренд на дигитализација уште во почетокот на 21-ви век и поставија основа за промени и во помалите економии. Во Македонија, банките започнаа да ги следат модерните платформи за електронско работење и да ги прилагодуваат своите услуги и производи на потребите на граѓаните, иако не може да кажеме дека традиционалното банкарство го оставија комплетно во минатото. Македонските банки с$ уште имаат широко распространета мрежа на филијали и банкомати и нудат шалтерски услуги на секој кој влегува во филијала. Секако преземаат мерки за пренасочување на клиентите од традиционални на модерни канали за банкарско работење, но не може да се каже дека успеале да ги пренасочат сите клиенти кон дигитално банкарство. Една од банките кои отскокнува од стратегијата на традиционално банкарство е ПроКредит која уште пред неколку години започнаа со понуда на автоматизирани услуги во Зона 24/7. Како лидери во иновативните технологии во банкарството ПроКредит воведе банкомати за уплата и исплата во денари и евра, инфо терминали за самостојно печатење на изводи од сметка, сефови за дневен промет и банкомати за кованици. Над 90% од клиентите на ПроКредит користат комплетно автоматизирана услуга и никогаш не би се вратиле на стариот начин на работење со чекање во ред на шалтер. Последните промени кои ПроКредит ги воведе во полето на технологиите и иновациите беше платформата за дигитално работење за физички лица која не само што им овозможува на граѓаните комплетна контрола на финансиите и средствата преку мобилен телефон, туку им нуди и опција за online апликација за сите нивни производи и услуги.

“Потребите на клиентите се една од основните движечки сили на нашите иновации. Следејќи го нивното темпо на живот и начинот на кој ги користат нашите услуги, сфативме дека транспарентноста, едноставноста и дискрецијата се едни од најценетите карактеристики кои ги бараат клиентите од една банка. Токму поради тоа решивме да инвестираме во дигитална платформа која ќе им овозможи на граѓаните комплетна контрола на своите финансии, 100% дискреција и едноставни производи”, изјави Горан Хаџипетров, директор на ИТ секторот во ПроКредит.


ProCredit WEB 960Горан Хаџипетров
директор на ИТ секторот во ПроКредит

Транспарентноста и едноставноста се едни од основните принципи на нашето работење и не радува што клиентите ја одбираат ПроКредит токму поради овие принципи. Граѓаните ценат кога однапред ја знаат цената на услугата која ја користат и кога имаат комплетна слободна за менаџирање со своите финансии на начин кој нив најмногу им одговара. Нашите дигитални платформи им нудат пристап до сите трансакциски и штедни сметки, како преку е – банкарство, така и на банкомат. ПроКредит е единствената банка во Македонија која нуди пристап до девизни сметки во евра директно на банкомат за време на неработни денови, викенди или празници.


ПроКредит – пионер во автоматизацијата и дигитализацијата

Кога станува збор за транспарентно тарифирање, ПроКредит е првата банка во Македонија која направи комплетна промена во понудата за физички лица. Наплатата на секоја услуга или производ засебно, ја заменија со креирање сет банкарски услуги достапни за клиентите по една унифицирана цена. Сетот на банкарски услуги кои го нудат ги вклучува сите производи и услуги за секојдневно банкарско работење на едно физичко лице. Поконкретно, нивната понуда за сет банкарски услуги нуди трансакциски и штедни сметки во денари и евра, е -банкарство и м – банкарство за секаков тип на трансакции, MasterCard дебитна картичка со автоматско дозволено пречекорување до две плати и неограничен број на трансфери во домашен платен промет без дополнителна провизија.

“Транспарентноста и едноставноста се едни од основните принципи на нашето работење и не радува што клиентите ја одбираат ПроКредит токму поради овие принципи. Граѓаните ценат кога однапред ја знаат цената на услугата која ја користат и кога имаат комплетна слободна за менаџирање со своите финансии на начин кој нив најмногу им одговара. Нашите дигитални платформи им нудат пристап до сите трансакциски и штедни сметки, како преку е – банкарство, така и на банкомат. ПроКредит е единствената банка во Македонија која нуди пристап до девизни сметки во евра директно на банкомат за време на неработни денови, викенди или празници.” изјави Горан Хаџипетров, директор на ИТ секторот во ПроКредит.

Фокусот на банките кон автоматизација и дигитализација е од голема предност и значење за граѓаните. Доколку порано секој граѓанин мораше да одвои значајно време да отиде во банка, да извади пари, да плати сметки, да се информира за кредитните производи или можностите за штедење, сега сето ова може да го направи од дома, во релаксирана атмосфера, откако ќе ги заврши сите тековни обврски во денот. Дополнително, во 21 век кога употребата на социјалните мрежи е широко распространета, приватноста прераснува во еден од најлуксузните потреби. Со електронските платформи на банките секој индивидуалец е сам свој менаџер на своите финансии и нема потреба да ги споделува овие информации со вработените во експозитурите во банките. Исто така, со централизирано следење на сите трансакции, банките може да направат детални анализи на потребите на клиентите и да креираат персонализирани услуги во кои граѓаните ќе уживаат. Чувството да се биде дел од една голема клиентска база полека се заменува со чувство за персонализирана услуга кое влијае на задоволството кај клиентот и лојалноста кон институцијата.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×