ДИК на Црна Гора: Ѓукановиќ е нов претседател на државата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кандидатот на црногорската владејачка Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ, победи во првиот круг на претседателските избори во земјата, со 54% освоени гласови, велат прелиминарните податоци на Државната изборна комисија (ДИК).

Кандидатот на поголемиот дел од опозицијата, Младен Бојаниќ, освоил 33,2% од гласовите.

Излезноста на изборите била 63,9%, што е на нивото на претходните претседателски избори.

Прелиминарните резултати се на основа на 97% обработен избирачки материјал.

Оценка е дека забележаните неправилности од страна на набљудувачите – домашни и странски, не можат да влијаат на конечниот резултат, а ставот за регуларноста на гласањето денеска ќе го соопшти набљудувачката мисија на ОБСЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×