ДИК по 98,22% обработени ИМ: СДСМ води во Скопје и во 50 општини, ВМРО-ДПМНЕ во 9, ДУИ во 12
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Од досега обработените 98,22% или од 3.418 од вкупно 3.480 избирачки места, кандидатите за градоначалници од СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 9, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини.

За Град Скопје, кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, води со 50,07% во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, со 35,99%.

Победа од скопските општини, СДСМ има во Ѓорче Петров со 53,71 и во Карпош со 58,08, додека во Аеродром водат со 51,84 пред ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 44,17, во Бутел со 49,12, во Гази Баба со 47,82 пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,38, во Кисела Вода со 49,36 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,56. Во Центар од обработени 89,74% од гласовите води кандидатот на СДСМ со 63,58 наспроти кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со 28,63%.

Во Сарај води кандидатот на ДУИ со 33, 49 и во Чаир со 27,28%.

Во останатите општини, СДСМ има победа во првиот изборен круг во Арачиново, со освоени 57,81%, во Берово со 60,96%, Битола со 59,77%, Богданци со 55,37%, Босилово со 53,80%, Валандово со 55,31, Василево со 52,52, Вевчани со 53,15, Велес 53,51, Гевгелија со 54,55, Дебрца со 56,70, Делчево со 51,83, Демир Хисар со  55,43, Дојран со 58,19, Зелениково со 59,22%, Конче со 55,23%, Кочани – 55,80, Кратово -57,11, Крива Паланка -58,01, Кривогаштани -53,90, Крушево – 60,63, Куманово – 52,53, Лозово – 55,18, Маврово Ростуше – 55,85, Ново Село – 52,13, Охрид – 54,07, Пехчево со 52,65, Прилеп со 51,07, Радовиш со 50,13, Ресен со 55,03, Свети Николе со 50,17 и Струмица со 59,45.

Во Виница во благо водство со 48,64 е кандидатот на СДСМ пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 46,16%,  во Градско води СДСМ со 42,01% пред ВМРО-ДПМНЕ со 35,23, во Демир Капија во водство е СДСМ со 49,48 наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 46,97%, во Јегуновце СДСМ има 41,90 пред ВМРО-ДПМНЕ со 31,36, во Карбинци води СДСМ со 48,17%, во Македонска Каменица исто така СДСМ со 49,32  пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,96, во Македонски Брод со 49,17 пред ВМРО-ДПМНЕ со 29,26, во Неготино со 51,44  пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,86, Росоман со 49,35 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,78, Старо Нагоричане со 46,43 и во Чашка со 49,29%.

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи во Илинден со 57,34%, Петровец со 62,05, Сопиште со 50,78, а води во Штип, со 48,10%, Брвеница со 25,42%, во Зрновци со 48,50, во Кавадарци со 49,36%, во Новаци со 44,96, во Пробиштип со 46,49, во Чешиново Облешево 47,48,

ДУИ освои градоначалнички мандат во Кичево со 60,36% и во Пласница со 59,12, а води во Тетово со 33,18, Боговиње со 33,99%, во Сарај со 48,24, Врапчиште со 35,06%, во Гостивар со 35,55%, во Дебар со 39,93, во Долнени со 34,06%, Желино со 43,90%, Липково со 48,97, во Теарце со 29,86.

Во Струга во водство е Зијадин Села од Алијанса за Албанците, со 30,24%.

Во Могила во водство е Стево Пивковски, кандидат на група избирачи, кој има освоено 38,06% од гласовите.

Во Ранковце победник е Ивица Тошевски кандидат на група избирачи, во Центар Жупа победа има Демократската патрија на Турците, во Чучер Сандево кандидатот на група избирачи Јован Пејковски

ДПА, пак, води во Студеничани со 34,62.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×