ДИК: Вкупната излезност до 10 часот е 8,98%
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вкупната излезност до 10 часот е 8,98%, соопштија од Државната изборна комисија на нивната прва прес-конференција на денешниот изборен ден. По општини најголема излезност до 10 часот има во Демир Капија, 19,15%, а најмала во Врапчиште, 3,51%. На територијата на Градот Скопје излезноста е 9,56%.

Како што соопшти портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска, на сите гласачки места гласањето е започнато и се одвива без проблеми. Доцнење имало на неколку места од најмногу половина час, бидејќи, како што рече, членовите на Општинските изборни комисии морале да отстрануваат пропаганден материјал од околината на гласачките места.

ДИК воспоставила кол центар за постојна комуникација со сите ОИК, а досега нема податоци за инциденти на избирачки места.

Денешните локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Град Скопје.

Според заклучениот Избирачки список на ДИК, право на глас на локалните избори имаат 1.814.644 гласачи во Македонија.

Во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи; 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство; 1.882 за време на изборите ќе се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Локалните избори ќе ги следат 5011 домашни и 373 странски набљудувачи. Акредитации се издадени и на 294 преведувачи и шест странски новинари.

Вториот круг за локалните избори е закажан две недели, на 29 октомври.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×