Димитар Богданоски: Како прилики за раст ги гледаме источните пазари и Северна Америка
Објавено на од во Компании

Димитар Богданоски, менаџер за продажба, Микросам

Како прилики за раст ги гледаме источните пазари и Северна Америка

Dimitar Bogdanoski

 

 

 

 

 

 

 

-Каква година очекувате да биде 2017 на економски план, со оглед на политичката неизвесност во земјата и со оглед на фактот што следната година ќе има уште едни избори?

Микросам е целосно извозно ориентиран и политичката криза не влијае значајно во делот на потпишувањето на договорите со странските партнери, иако некои од нив се интересираат и прашуваат за ситуацијата во земјата. Меѓутоа, внатрешно за во Македонија гледаме дека има одредени проблеми со ликвидноста меѓу компаниите, и еден вид на летаргија кај администрацијата.

-Кои се најголемите ризици и предизвици, а каде ги гледате потенцијалите за раст на вашата компанија идната 2017 година?

Како ризик ја гледаме  глобалната безбедносна ситуација и колку таа ќе влијае врз одлуките на големите корпорации за инвестирање во капитална опрема, значи она што произведуваме ние. Исто така,  големата флуктуација на некои од валутите претставува ризик за одредени одлуки. Како потенцијални прилики за  раст на продажбите на Микросам ги гледаме источните пазари (Кина, Русија, Индија), како и пазарот на Северна Америка.


-Кои се процените за работењето на вашата компанија? Дали планирате  зголемување или намалување на продажбите, извозот, вработувањата, инвестициите…?

Плановите за наредната година се да има раст на продажбата (соодветно и на извозот), вработувањата, а планираме и позначајни инвестиции во нови развојни проекти и зголемување на производствениот  капацитет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×