Димитар Ковачевски заминува од оне.Вип, на негово место Мислав Галер
Објавено на од во Компании

Новиот извршен директор на оне.Вип доаѓа од врвното раководство на Кластерот Хрватска Македонија во рамки на групацијата Телеком Австрија, сопственикот на оне.Вип.

Mislav 04

Мислав Галер, новиот извршен директор на оне.Вип

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Телекомуникациската компанија оне.Вип го објавува назначувањето на Мислав Галер како нов извршен директор. Тој обврските на новата функција ќе ги превземе од октомври 2017 година и ќе го наследи Димитар
Ковачевски кој одлучи да ја напушти компанијата и да прифати нови предизвици надвор од оне.Вип и Кластерот.

Димитар Ковачевски останува во оне.Вип до крајот на годината со цел да помогне во веќе започнатите проекти кои се однесуваат на зацврстување и позиционирање на брендот на компанијата, а во исто време да овозможи непречено продолжување на операциите и пренесување на обврските на својот наследник, известуваат од оне.Вип.

“оне.Вип ја искажува огромната благодарност до Димитар за неговата работа во компанијата и му посакува многу успех во неговата идна кариера.“

Dimitar Kovachevski Vip 10 God - 1

Досегашниот директор на оне.Вип, Димитар Ковачевски дојде на чело на компанијата во ноември минатата година

 

 

 

 

 

 

 

Новиот извршен директор на оне.Вип, Мислав Галер доаѓа од позицијата постар директор за големи корисници и е член на менаџерскиот тим на Кластерот Хрватска и Македонија. Со големо искуство во сегментот продажба и извршувањето на раководни функции, Мислав се приклучи на Випнет во 2012г. Долгогодишното искуство на динамичниот хрватски пазар, познавање на бизнис трансформација како и на процесите при спојување на компании и продажни тимови, тој сигурно ќе даде голем придонес за уште посилно позиционирање на оне.Вип на македонскиот пазар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×