Димитар Ветаџока: Со извоз на пет континенти, брендот Виталиа е вистински амбасадор на Македонија
Објавено на од во Интервју

MK4_8319Димитар Ветаџока
Генерален менаџер и ко-сопственик на Виталиа

Денес, 25 год. од своето постоење Виталиа е лидер во производството на здрава храна во регионот со портфолио од преку 300 производи кои опфаќаат 11 категории на здрави продукти. Нашиот тим брои 275 вработени целосно посветени на производството на здрави производи со врвен квалитет. Виталиа е уште една потврда дека со верба во сопствената идеја, визија, со одлучност да се успее, со трудољубивост и посветеност сонот може да стане реалност. Нашата репутација трпеливо и долгорочно ја градевме со цел да создадеме и оствариме нешто вредно за идните генерации.

 

Виталиа е семејна компанија, која оваа година слави четвртина век од своето постоење.
Што значи ваков јубилеј за една македонска компанија и колкава компанија во моментов всушност е Виталиа?

Денес, 25 години по основањето, Виталиа е лидер во производството на здрава храна во регионот со портфолио од преку 300производи кои опфаќаат 11 категории на здрави продукти. Нашиот тим брои 275 вработени целосно посветени на производството на здрави производи со врвен квалитет иенергично работат, ги создаваат и ги живеат вредностите на брендот.
Но, да се опстои на пазарот толку време, и притоа континуирано да се расте, и да се создава до­полнителна вредност не е мала работа. Благодарение на визионерската идеја на мојот татко Никола кој на свои 52 години, храбро се одлучува да започне свој бизнис, први влеговме во еден комплетно нов сегмент напазарот “здравa храна”. Секако, не беше воопшто лесно, поминавме економско неизвесни години, соочувајќи се со ниска куповна моќ, со ниска свест меѓу потрошувачите за тоа што е здрава храна и колку е таа важна во исхраната.
Но, верувавме во она што го правиме, макотрпно работевме, не се откажувавме!
Од нашата мала продавничка во Скопје, во која купувачите за првпат можеа да купат макробиотски и вегетеријански производи, интегрални жита, производи од соја, нерафинирани шеќери и останати прехранбени продукти со кои допрва се запознававме, до сопствено производство каде создавајќи конкурентни производи достапни за пошироката популација и благодарение на успешната стратегија за развој која вклучуваше иновативност, квалитет и професионален сервис создадовме глобален бренд, кој е препознатлив во регионот и кој сигурно се пробива и на светските па­зари.

 

На што се должи децениската успешна работа на Виталиа како реномиран бренд на македонскиот пазар и пошироко? Kои фактори би ги издвоиле како клучни за да се достигне врвот, односно постои ли рецепт за успехот?

Со идеја да ја направиме здравата храна достапна за секого, неколку години по основањето одлучивме да започнеме со сопствено производство и да ги супституираме скапите увозни продукти со наши македонски, произведени од домашни суровини.
Вториот клучен фактор во успехот и во развојот на компанијата е нашата одлука да станеме извозно ориентирана компанија. Една од потешкотиите со кои се соочивме на почетокот е тоа што доаѓаме од земја, т.е. пазар што не е толку афирмиран во светски рамки и во кој сите гледаат со доза на недоверба. Но, богатата понуда на оригинални здрави продукти со врвен квалитет и со врвен дизајн, редовното учество на интернационални саеми, одличниот сервис што го нудиме на нашите клиенти, го привлекоа вниманието на голем број компании што денес се партнери на Виталиа. Паралелно започнавме со едукација на населението за здравата храна и со запознавање со бенефитите од нејзиното консумирање. Изминативе две и пол децении покажавме дека не сме насочени кон брза заработка, туку кон создавање нешто што ќе остане како вредност на следните генерации.

И успеавме во тоа. Македонскиот потрошувач интензивно го менува своето размислување на тема здрава исхрана во позитивна насока, а Виталиа е неговиот доверлив партнер. Задоволството на нашите потрошувачи е видливо и е еминентно. Тие се идентификуваат со брендот, ја прифатија нашата мисија како своја и веруваат во она што го работи Виталиа. Благодарни се и горди на Виталиа како македонски бренд, а своето задоволство несебично го споделуваат на нашата контакт-адреса, на нашата фан-страница и, секако, на едукативните средби што ги организаме за нив.

 

Би сакале ли поконкретно да ни објасните за производниот капацитет, каде се во моментов извезува Виталиа и во кои трговски синџири е присутна?

Со гордост можам да истакнам дека, преку континуирани инвестиции во врвна технологија за производство денес располагаме со 6 погони и 12 производни линии со вкупен капацитет од преку 12.000 тони годишно.
Производите на „Виталиа“ денес се извезуваат ширум светот и тоа во Европската Унија, Америка, Австралија, Азија, Блискиот исток, Русија, Бразил, Сејшели, Маурициус, Либан…
Особено сме горди што успеавме да се позиционираме на полиците на познатите супермаркети застанувајќи рамо до рамо со светските брендови од својот сегмент. Нашите производи се присутни во најпознатите светски ланци на маркети, дистрибутери на храна и лидери во on-line продажба (Asda, Tesco, Metro, Amazon, Carrefour, DM, Fairway, Lenta, Migros, Jumbo), а секоја година нашиот извоз забележува просечен раст од 15%. Ако направам ретроспектива, нашиот прв извоз беше направен во 2002 година овде во регионот, а видете каде сме денеска. Пет континенти! Брендот „Виталиа“ стана вистински амбасадар на Македонија!
Редовните настапи како автентичен македонски бренд на светски познатите саеми (Anuga – Koeln, PLMA – Amsterdam, Fancy Food – USA, SIAL Paris) ни овозможија контакти со реномирани компании од целиот свет. Контакти кои резултираа со соработка со преку 100 PL клиенти (Aldi, Metro,Unilever, Lenta, Migros, Schuhbeck).

 

screen_04_26_cleanКако производно ориентирана компанија, со кои предизвици се соочувате и која е вашата стратегија на долгорочен план?

Иднината е секако предизвик, но имајќи јасна стратегија, секој следен чекор во развојот на компанијата внимателно го планираме.Инвестираме во флексибилни производни процеси кои гарантираат производи со висок квалитетиконкурентност на сите светски пазари.
Ги имплементираме сите релевантни стандарди за контрола на квалитетот како НАССР, ISO, BRC, Vegetarian. Воведуваме just in time начин на работење за да ги минимизираме производните трошоци. Инвестираме во модерни информатички технологии кои ни овозможуваат зголемување на ефикасноста на деловните процеси во компанијата.
Преку реализацијата на многу вакви проекти, создадовме искусен тим од професионалци спремен да ги реализира амбициозните планови и развојни цели на компанијата, а тоа подразбира зголемување на домашниот производен капацитет како и инвестирање во нови капацитети.

 

Конкуренцијата денес во прехранбената индустрија е огромна. Како Виталиа се справува на тоа поле и дали е тешко да се остане чекор пред другите?

Без иновација нема развој, а стагнација значи пропаѓање. Нашето портфолио се состои од преку 300 здрави производи што опфаќаат 15 категории, што нè прави лидер во производството на здрава храна во регионот. Секоја година инвестираме во човечки ресурси и во технологија со што успешно ја одржуваме нашата конкурентна предност – иновативноста. Секоја година лансираме минимум 25 нови оригинални производи што ги следат најновите трендови во здравата храна. Така на почетокот на оваа година ги лансиравме сировите Raw барови и смути кои се апсолутен тренд во светот, а посебно сме горди на новите Super Cookies кои се не само врвни по својата функционалност , туку и оригинални по својата амбалажа, поради имплементираната брајова азбука. Тоа е уште една потврда за нашето лидерство и за врвниот перформанс во она што го работиме. Токму затоа денес брендот Виталиа претставува избор број еден за здрава храна не само во Македонија туку и во регионот. Потврда за тоа е наградата Супербренд, како и овогодинешното истражување QUDAL во Македонија каде што Виталиа во конкуренција со интернационални и со локални брендови повторно го потврди својот врвен квалитет.

 

Што најмногу цените и барате од својот тим и кои вредности се обидувате да им ги пренесете како менаџер?

Виталиа има одличен тим на амбициозни, храбри, интуитивни вработени кои се максимално посветени да создадат производи со врвен квалитет. Горд сум на моите колеги, без разлика на позицијата која ја имаат во компанијата, тие еднакво ја негуваат и живеат приказната на Виталиа. Таа посветеност е она што најмногу се цени, а јас и мојата сестра, како менаџерски тим, ги охрабруваме нашите вработени да бидат креативни и слободни во изразувањето и слободно да учествуваат во создавањето на политиката на компанијата. Македонија има добри и едуцирани кадри, кои само правилно треба да се насочат и инспирираат.
Виталиа има одличен тим на искусни и амбициозни вработени кои се максимално посветени да создадат иновативни производи со врвен квалитет. Таа посветеност е она што најмногу се цени, наградува и негува.
Корпоративната стратегија на Виталиа која ја сочинуваат иновативноста како и максималната посветеност на производи со врвен квалитет бара континунирана едукација на сите нивоа во компанијата. Стекнувањето нови знаења е клучот за индивидуалниот напредок на вработените, а со тоа и напредокот на компанијата. Активно работиме на тоа секој вработен во компанијата навистина да ја разбере важноста на оваа порака.

 

Што според вас е добар лидер?

Лидерство во основа е способност на лидерот да ги мотивира и инспирира колегите и соработниците за нивна максимална ангажираност и посветеност, за успешна реализација на стратешките цели на компанијата. Веќе 25 год виталиа успешно се развива токму поради вака поставените односи помеѓу менаџментот и вработените.
Праксата на Виталиа е да го гради и развива својот кадар. Ние како менаџерски тим ги охрабруваме и мотивираме нашите вработени да бидат креативни и проактивни во создавањето на политиките на компанијата и со тоа директно да влијаат на својата и иднината на нашата компанија.
Горд сум на моите колеги, без разлика на позицијата која ја имаат во компанијата, тие подеднакво ја негуваат и живеат приказната на Виталиа.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×