Димитриев: Ако нема избори, треба да се врати старата влада на Груевски
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Емил Димитриев  најави дека  ако нема избори неговата влада го губи легитимитетот за кој е избрана и според него би требало повторно да се врати старата влада на Никола Груевски.

„Мандатот на оваа влада е за организирање на избори, ако нема избори во тој случај се доведува во прашање целисходноста од нејзиното функционирање и престанува потребата и основната функција на оваа влада, Ако нема избори, треба да се врати владата која имаше легитимитет од граѓаните“ напиша Димитриев на неговиот Фејсбук профил.

Според него со најновите случувањасе доведува во прашање целисходноста на функционирањето на неговата влада  и престанува потребата и основната функција на оваа влада.

„Техничката влада на подолг временски рок е неодржливо решение, не само во поглед на квалитетот на нејзиниот легитимитет, кој што е природно е да извира од граѓаните, туку и во поглед на спроведувањето на политиките“ смета Димитриев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×