Димитриев со делегација во Париз – на третиот Самит за Западен Балкан
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Под покровителство на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, во Париз денеска ќе се одржи третиот Самит за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, на кој Македонија ќе ја претставува владина делегација предводена од премиерот Емил Димитриев.

Во составот на делегацијата ќе бидат и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, и директорот на Агенцијата за спорт и млади Марјан Спасевски.

Целта на Берлинскиот процес е да се поддржат напорите на земјите од Западен Балкан во нивното приближување кон Европската унија со зацврстување на регионалната соработка преку конкретни иницијативи.

На Самитот ќе присуствуваат и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на Косово, Иса Мустафа, како и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Покрај премиерите на земјите од Западен Балкан на Самитот ќе учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Матео Ренци, австрискиот канцелар Кристијан Керн, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, како и премиерите на Словенија и на Хрватска, Миро Церар и Тихомир Орешковиќ.

Самитот ќе се фокусира на три теми: миграција и бегалци; соработка во полето на безбедноста, борбата против тероризмот и радикализацијата; и европските перспективи.

На крајот од сесијата предвидено е премиерите на земјите од Западен Балкан во присуство на другите шефови на држави и влади, и министри и директори за млади да го потпишат договорот за воспоставување регионална канцеларија за младинска соработка – РИКО.

Парискиот самит е продолжение на Берлинскиот процес кој започна во 2014 година со Берлинската конференција по иницијатива на канцеларката Меркел со цел да даде поддршка за целосна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×