Димитрис Каменос: Нема да се постигне решение за спорот со името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еден од потпретседателите на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци, Димитрис Каменос, смета дека нема да се постигне решение на проблемот со името.

„Мислам дека вака како што оди, нема многу простор. Нема да постои решение. Овие луѓе не можат да ги сменат работите што ние ги сметаме за неопходни и треба да се направаат како гаранција. Ни говори (Заев) за меѓународен договор, вели ние нема да промениме јазик, нема да смениме ништо, нема да го промениме Уставот, само табли менуваат“, вели Каменос во интервју за грчката телевизија Скај.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, пратеникот од Независни Грци, упатил критики до македонскиот премиер, затоа што „во време на сериозни преговори, излегол со хумористични изјави за промена на грчкиот Устав“.

Говорејќи за грчко-турските односи, Каменос побара од Заев јавно да ја коментира „турската провокација“.

„Господинот Заев сака да влезе во Европа? Не сака да влезе? Не бара од нас различни имиња? Во која Европа сака да влезе? Има дадено некоја изјава за турската провокација? Доаѓа господинот Заев и ни вели сакам да влезам во Европската унија. Границата на неговата земја ќе биде Европската унија, ќе сака утре тоа да го поддржува Грција и Европската унија? Ќе треба и тој да даде изјава. Ова го кажувам јавно. Да ја процени агресивноста во ексклузивната економска зона на Кипар и агресивноста на Турција (со која има многу добри односи) на границата со Грција, што е и европска граница“, рече потпретседателот на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×