Димитров: Ако нема датум, Европа ќе прати порака дека не е сериозна
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Пораката што наредната недела ЕУ ќе ја испрати до Македонија е порака и за регионот. Доколку сѐ она што го направи земјава од решавањето на прашањата со соседите, реформите и целокупната позитивна промена во општеството, не биде препознаено и наградено со позитивна одлука за почеток на преговорите со Унијата, Европа ќе испрати порака дека не е сериозен партнер, порача денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.
nikola-dimitrovГоворејќи на панел дебата насловена „Договорот од Преспа – научените лекции за време на дипломатските преговори и меѓународната перспектива“ што се одржа во МНР, тој потсети дека земјава 14 години е кандидат за членство во ЕУ и има десет позитивни препораки дека е подготвена за почеток на преговорите и за влез во следната фаза.
„Одлуката на Советот на министри на 15 октомври, а Европскиот совет на 17-18 октомври е наше рандеву со историјата. Ќе биде многу тешко да им кажеме на граѓаните – „ние не успеавме овој пат, ќе успееме 11-тиот пат“, истакна Димитров.
Покажавме, рече тој, храброст и европски дух во решавањето на домашните прашања, работиме на европската агенда, направивме огромни скокови напред во изминатите неколку години на полето на слобода на медиумите, независноста на судството, јавната администрација…
„Ова е многу поинакво општество од она што го наследивме во јуни 2017 година и ако овој тренд не биде награден и охрабрен од ЕУ, ако не се признае и препознае со позитивна одлука за почеток на преговорите, таа ќе испрати порака дека Европа не е серизона кога донесува заклучоци“, рече министерот Димитров.
Според него, влогот е голем и за регионот и за ЕУ, сигналот за нас е и сигнал и за целиот регионот. Позитивна одлука, рече тој, може да биде вин-вин за нас, за регионот и за Европската Унија.
Тој истакна дека Договорот од Преспа е еден по показателите за позитивните промени во општеството, желбата да се продолжи на патот на евроатланските интеграции и да се овозможи посигурна иднина за граѓаните.
„Работите и отворените прашања треба да се решаваат. За мене како министер најлесно беше да не го чепкам прашањето за името. Тешко се гради политички капитал или се стекнува популарност кога решаваш тешко прашање, кое колку подолго опстојува, станува сѐ потешко да се реши, а многу направија и кариери на прашањето“ рече Димитров.
За мене, додаде тој, патриотизам, е каде сакаме да ја видиме нашата земја за десет години одсега и што ќе треба да се направи да се откочи прогресот. Тоа, и создавањето подобро општество со повеќе можности за сите, вклучително и младите, според него, било водилка во преговорите со Грција за решавање на ова прашање.
На дебатата која се одржува во рамки на Регионалната школа за дипломатија 2019:„Градење мостови преку решавање на конфликти во балканските држави“, во организаци ја на МНР и Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје говореше и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој е согласен дека со она што го има направено со решавањето на прашањата со соеседите, но и со промените во општеството и реформите, земјава заслужува да ги почне преговорите за чластво во ЕУ. Според него, секогаш може да се направи повеќе, но позитивниот тренд во земјата треба да биде препознаен.
„Договорот од Преспа покажува дека сите прашања може да бидат решени ако има искрена волја од двете страни, оти за тоа е потребен компромис и волја да се чуе и втората страна“ рече Жбогар.
Тој вели дека е добро што вакви добри вести пристигнуваат од Балканот, иако како што рече, се уште има прашања кои треба да се решаваат. – Иако не е моја мисла, сепак сакам да ја кажам. Патот за Косово и Србија оди низ Скопје, мислејќи дека успехот на нивниот дијалог сепак зависи и од она каков ќе биде одговориот на ЕУ наредната недела кон оваа земја, рече Жбогар.
Дека пресудна за решавање на проблемот била искрената волја, оцени и професорката Марилена Копа од Универзитетот во Атина и поранешен член на Европскиот парламент. До решение, потенцира таа, било можно да се дојде кога на власт во двете земји имало влади кои сакале тоа да го направат вистински.
„Порано немаше вистински преговори. Тогашниот премиер Никола Груевски не сакаше решение, не беше заинтересиран за европерспективите на земјата и ги саботираше напорите за решавање“ рече таа.
Битно за напредокот во решавањето, рече Копа, покрај добрата волја на двете земји, било и промената на геополитиката и враќањето на Балканот во фокусот на вниманието на меѓународната заедница.
„Во 2017 Русија, Кина и Турција, но и заливските држави го направија видливо нивното присуство во регионот или преку поткопување на западната стратегија, како Русија, или големи економски инвестиции како кинеската иницијтивата „Еден појас, еден пат“. Овие актери сакаа да ја пополнат празнината оставена поради инерција на ЕУ“ нагаласи Копа.
Таа смета дека овој договор е траен и оти двете земји треба да се придржуваат кон него.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×