Димитров и Османи на работен појадок со Прибе
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Министерството за надворешни работи имаат работен појадок со експертот на Европската унија, Рајнхард Прибе, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Како што најави еврокомесарот Јоханес Хан за време на вчерашната посета на Скопје, Прибе доаѓа во Македонија со тим експерти со цел да помогне во спроведувањето на Итните реформски приоритети.

Во посета на Македонија од денеска е и делегација на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, предводена од директорката Џеновева Руиз Калавера. јхвссзз

Еврокомесарот Јоханес Хан по вчерашната средба со премиерот Зоран Заев изјави дека може да го „посведочи оптимизмот и новата поволна клима во земјата“.

„После сите настани кои ги посведочив во оваа земја, драго ми е што можам да видам една нова динамика во спроведувањето на активностите, насочени кон постигнување на подобар живот за сите граѓани“, изјави Хан најавувајќи го доаѓањето на Прибе и на останатите претставници на Брисел како помош во исполнувањето на Итните реформски приоритети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×