Димитров утре во Софија на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Состојбата во Западен Балкан, со акцент на евроинтегративниот процес на регионот, како и ситуацијата во Сирија и со Северна Кореја, ќе бидат темите на кои ќе се дискутира на сесиите на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија (Гимних), што на 15 и 16 февруари ќе се одржи во Софија, а на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Домаќин на состанокот е бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

На неформалниот состанок ќе учествува и високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, шефовите на диломатиите на 28-те земји-членки, како и министрите за надворешни работи на петте земји кандидатки од регионот – Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Димитров во Софија пристигнува утре, каде е предвидено да има билатерални средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и со неговата колешка Захариева.

Димитров и Захариева на утрешната средба, како што соопшти МНР, е предвидено да ги разменат ратификациони документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Со тоа практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во македонското Собрание на 15 јануари и на бугарскиот Парламент три дена подоцна.

Гимних е дворец во западниот дел на Германија, кој беше гостинска куќа на владата на некогашна Западна Германија. Тоа е местото каде се одржа првиот неформален состанок на шефовите на дипломатиите од ЕУ во 1974 година.

Овие состаноци се неформални, а учесниците имаат можност да дискутираат за актуелни прашања, но по дебатите не се усвојуваат декларации или формални заклучоци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×