Диомидис Николетопулос: Во ситуацијава сме сите заедно и Банката го прави точно тоа што најдобро знае да го прави – ја поддржува економијата работејќи заедно со луѓето и компаниите!
Објавено на од во Интервју

Diomidis 1Диомидис Николетопулос
генерален извршен директор на Стопанска банка АД -Скопје

„Во врска со каматата што ќе продолжи да се пресметува за време на одложениот период…Би сакал да објаснам дека нема друг начин да се постапи затоа што парите имаат своја цена и штом на депозитите пресметуваме и исплаќаме камата, истото треба да се случува и кај кредитите. Ако запреме, тоа нема да биде никому од корист, и секако е надвор од било која монетарна или банкарска логика. Различните интереси на клиентите, од една страна на оние кои депонираат, односно штедат а на друга на оние кои позајмуваат, е главната причина зошто банките постојат и преку овој приход се заштитува позицијата на банките, кои потоа можат да продолжат да кредитираат за потребите на економијата.“, објаснува во интервјуто за Капитал, генералниот извршен директор на Стопанска банка – Скопје, Диомидис Николетопулос.

 

Како гледате на тековната ситуација и на кризата, и кој е одговорот на Банката и пораката која сакате да се испрати?
За првпат во модерно време се соочуваме со пандемија со невидени последици, а глобалната несигурност не тера да се грижиме за нашето здравје, за нашите животи, за нашите најблиски, за работата, за бизнисот и генерално за иднината. Во вакви времиња, според мое скромно видување, државата прави се’ што е во нејзина моќ да го забави растот на бројот на заболени. Воведените мерки вклучуваат и значајни рестрикции на движењето на луѓето и стоките, економски мерки, па и правни мерки со кои нашите животи драматично се променети, меѓутоа мора да сфатиме дека многу работи се доведени во прашање и затоа мора да се однесуваме дисциплинирано, со трпеливост и толерантност, во надеж дека наскоро ќе се надмине кризата и ќе продолжиме со нашите животи.
Со сите овие големи промени во однесувањето и ефектите врз економијата, горд сум што можам да кажам дека Стопанска банка АД – Скопје, бргу се прилагоди и проактивно презеде мерки да ги заштити вработените, клиентите и добавувачите, комуницира транспарентно и најзначајно од, се продолжува со редовно работење. Затоа што, дури и кога се друго запира, парите не запираат. На луѓето се уште им се потребни пари за да ја поминат неделата/месецот/периодот. Ним им се потребни храна, лекови, имаат планови кои застанаа со реализација на половина и имаат потреба да бидат завршени… и наша обврска е да бидеме на нивна страна и да им помогнеме во тоа. Таа е и логиката зошто банките, маркетите, аптеките, телекомите и електродистрибуцијата се сектори кои мора да продолжат со работа низ сите типови на кризи, бидејќи се критични за одржување на минималните потреби за живот на граѓаните.
Затоа, едни од најважните активности кои Банката ги направи во поглед на континуитет во работата како дел од олеснителните мерки во овие екстремни времиња е што нашите филијали се отворени и достапни, дури и во градови под карантин, како Дебар, ги одржуваме банкоматите функционални, иако движењето на готовината е отежнато, со оглед на фактот што многу локации се затворени или ограничени за пристап, како и посебното работно време за пензионерите (кога ги отворивме сите наши филијали во сабота за да се намалат гужвите).
Но, не остануваме само на тоа, затоа што Банката се обидува да ги пренасочи клиентите кон нашите 24/7 алтернативни канали (телефонско, електронско и мобилно банкарство) кои се сега и комплетно бесплатни. Работиме на нивно промовирање, односно подучувањето на клиентите да согледаат дека со нив на лесен и безбеден начин можат од дома да реализираат основни банкарски трансакции, да останат безбедни од гужви и непотребни интеракции во овој период. Согледуваме преку зголемениот број трансакции преку овие канали дека дигитализацијата ќе ни се случува и порано од очекувано.
Стопанска банка има и уникатен 24/7 Контакт центар кој е сега засилен со капацитети поради зголемениот број дојдовни повици, а работи и преку телефон и преку e-mail обезбедувајќи на тој начин поддршка за клиентите физички лица и за големата мрежа на трговци со кои соработуваме.
Што конкретно правите за вашите клиенти корисници на кредити?
Со првите знаци кои индицираа дека кризата ќе има сериозни ефекти врз економијата, веднаш започнавме, многу сериозно, со разгледување на бројни алтернативи за тоа што се може да се преземе. Како што знаете, кај нас не постои мораториум на отплати на долгови и затоа банките мораа да одговорат веднаш, со решение кое ќе може ефективно да одговори на проблемот.
Затоа, поради настанатата ситуација, и ние презедовме многу иницијативи при што на крајот сите банки, посебно големите, се согласивме да имаме конструктивен пристап, да овозможиме 6 месеци одлагање на плаќањата за сите физички лица, покривајќи ги воедно во голем размер и компаниите. Веруваме дека мерката е повеќе од доволна клиентите да го надминат периодот на најдобар можен начин.
Овие мерки беа преземени во склад со Измените на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ како и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките кои помогнаа банките да ги применат мерките на најефикасен можен начин, без притоа со клиентите да се потпишуваат нови договори/пропратни документи или да се посетуваат филијали и нотари.
Да, но банките кажуваат дека камата се’ уште ќе се пресметува во одложениот период…
Разбирам дека ова прашање го поставуваат многу клиенти, иако знаат дека банките во земјата покажуваат високо ниво на одговорност. Би сакал да објаснам дека нема друг начин да се постапи затоа што парите имаат своја цена и штом на депозитите пресметуваме и исплаќаме камата, истото треба да се случува и кај кредитите. Ако запреме, тоа нема да биде никому од корист, и секако е надвор од било која монетарна или банкарска логика. Различните интереси на клиентите, од една страна на оние кои депонираат, односно штедат а на друга на оние кои позајмуваат, е главната причина зошто банките постојат и преку овој приход се заштитува позицијата на банките, кои потоа можат да продолжат да кредитираат за потребите на економијата.
Diomidis 3Кои се главните предизвици на среден рок за Банката? Што се случува со ликвидноста и како се афектирани депозитите?
Примарен приоритет, секогаш, дури и нагласено повеќе за време на кризи, е банките и целиот систем да се ликвидни! Ликвидноста на нашиот банкарски систем е на високо ниво, многу повисоко отколку во пост кризниот период од 2008-2009 година.
Станува очигледно дека оваа криза е посериозна и не покажува препознатливи трендови се уште иако, забележуваме дека редовните глобални и тековите во нашиот систем се намалени и забавени. Депозитите кај нас се стабилни, клиентите се смирени и не забележуваме големи движења во тој дел.
Средствата со кои располага Банката и создадените резерви во Стопанска банка се сосема доволни да се пресретнат потребите на клиентите. Износот на ликвидноста е повисок од потребните нивоа, и структурата на ликвидните средства е составена на начин кој може да обезбеди брза конверзија во готовина и веднаш да бидат на располагање за системот.
Се разбира, понатаму, по надминување на кризата, предизвикот ќе биде како да се регулираат големиот број на кредити кои се сега со одложена отплата и да се избегне креирање на раст на нефункционални кредити што пак може да предизвика притисок за поголема потреба од ликвидни средства. Би сакал да напомнам, дека НБРСМ, согласно пристапот на европските банки, ја промени регулативата за управување со кредитниот ризик, овозможувајќи им на Банките да продолжат со реструктурирање без да ги третираат кредитите како реструктурирани и/или нефункционални. Веруваме дека надлежните институции во земјата ќе продолжат да изнаоѓаат патишта кои ќе овозможат економијата, како целина, не само да излезе од кризата, туку и да најде потенцијал да заздрави и да почне повторно да расте.
Стопанска банка е позната по своите општествено одговорни постапки. Што правите сега во услови на криза?
Како водечка банка, имаме докажан пристап кон општествено одговорно однесување, многупати во минатото и истото го правиме и за време на оваа криза. Банката беше меѓу првите компании кои пристапија кон Министерството за здравство со донација на вредна медицинска опрема за вештачка вентилација за пациентите кои се третираат на Клиниката за инфективни болести. Исто така, донесовме одлука да пристапиме кон втора голема донација на неколку медицински апарати, кои се итно потребни за медицинскиот кадар во Клиниката. Со тоа, во оваа фаза, вкупно донираме 150.000 евра.
Донацијата е наша форма на благодарност, која ја изразувам во име на нашите вработени и на нашите акционери, кон здравствената заедница – за сите доктори, медицински сестри, лаборанти и другиот придружен кадар – Ја разбираме и цениме вашата пожртвуваност овие месеци и сме на ваша страна!
Оваа форма на поддршка Банката ја правела во многу наврати, со години наназад – во поддршка на болниците, подобро да им помогнат на пациентите.
Ја користам оваа прилика да нагласам дека сите преземени економски мерки се насочени да им помогнат на сите оние (граѓани и компании) кои се најмногу погодени од кризата иако мерките се овозможени за сите. Затоа, категорично повикуваме тие што не се погодени од кризата и можат да продолжат редовно да ги сервисираат обврските, да го прават тоа редовно, и да покажат соодветно ниво на солидарност, која се очекува од сите нас во периодов. Во спротивно, мерките наменети да им го олеснат периодот на најслабите, може да го немаат посакуваниот ефект за излез од кризата на оние кои им е најпотребно.
Како вашиот тим, вашите вработени се справуваат со пандемијата?
Многу сум благодарен на покажаната посветеност на нашиот тим – имаме колеги кои работат од дома, одделени од тимовите, но сепак заедно, некои се со своите деца дома, сите имаме рестрикции во движењето, а посебно ќе нагласам дека сум горд со нашите вработени во филијалите кои се заштитници на нашиот бренд во моментов.
Тие работат во нагласено стресни услови, мора да се заштитат себеси со добиени строги мерки за заштита на личното и јавното здравје, мора да ги заштитат и клиентите и постојано да работат на едукација за користење на дигиталните канали и притоа да ги извршуваат дневните обврски ревносно.
Со цел обезбедување на континуитет во работењето и во екстремни услови, не само што е битно да се организираат човечките ресурси соодветно за поддршка на оперативата, туку е потребна и значајна техничка поддршка и прилагодување кон новите потреби.
Која е пораката за очекувањата на долг рок?
За првпат во модерната историја, светот не може да планира неколку недели однапред, а не пак со месеци, години/декади. Кога и Њујорк, „градот кој никогаш не спие“ е затворен, кој може да каже со сигурност што не’ очекува во иднина.
Според мене, секоја криза остава белег, меѓутоа, луѓето наоѓаат начин да ја надминат и да извлечат нешто позитивно од неа. Може да очекуваме раст на нови бизнис модели и идеи, мали бизниси да никнуваат, да растат e-commerce и алтернативните канали, да се намали протокот на готовина со што ќе се намали и сивата економија. Повеќе ќе се грижиме за природата и повеќе ќе ја цениме во иднина. Ќе се фокусираме на семејството и на одржување квалитетни меѓусебни односи. Целиот едукативен систем ќе се промени на подобро, користејќи ја технологијата и поврзаноста. И ако ништо друго, научивме овие недели дека можеме да се организираме да работиме од дома, односно надвор од канцеларија.
Мора да одржиме ниво на оптимизам, мора да веруваме дека човековата раса ќе излезе како победник и мора секој од нас да го направи своето во тој процес, за да се вратиме во нормала.
Тоа што можам да ви кажам со сигурност е дека Стопанска банка ќе продолжи со работа, ќе ги поддржуваме нашите клиенти и заедницата, ќе бидеме транспарентни и отворени во комуникација како и секогаш и ќе создадеме услови нашите вработени да се вратат на работа и да продолжиме да ја создаваме оваа приказна заедно.
Стопанска банка ќе ги штити депозитите, ќе обезбедува поволни кредити, ќе нуди поддршка и финансиски совет, ќе помогне компаниите да ја надминат кризната состојба, да продолжат да создаваат и ќе остане на страната на заедницата.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×