Директорите во Британија имаат 183 пати поголеми плати од работниците
Објавено на од во Економија

Извршните директори во 100 најголеми компании на Лондонската берза во просек заработуваат 183 пати поголеми плати од обичните вработени со полно работно време, се вели во истражувањето што го спроведе истражувачкиот центар Хај Пеј (High Pay), пренесува српски Bizlife.

Овој институт кој ја истражува распределбата на приходоте, покажува дека шефовите во 2014 година заработуваат во просек 4.964.000 фунти, наспроти 27.195 фунти колку што изнесува просечната годишна заработка на работниците со полно работно време, пренесува британскиот Би-Би-Си.

Инаку од 2013 година компаниите во Велика Британија се обврзани да ги објавуваат износите на платите на своите директори, а исто така и на акционерите им даваат обврзувачки глас кога се одлучува за нивните плати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×