Директорот на Apple, Tим Кук, за 10 минути ја одобри апликацијата “Је Suis Charlie”
Објавено на од во Политика

 

Солидарност во врска со трагедијата во Париз сега може да искажат сите корисници на iPhone преку бесплатна апликација

Сите што сакаат да изразат солидарност во врска со трагичните настани во Париз, сега тоа може да го сторат и преку бесплатната апликација за iPhone, “Je Suis Charlie”.

Тим Кук

Како што јавија светските медиуми, француската новинска агенција “Nice Matin” му пратила е-mail директно на директорот на Apple, Тим Кук, кој што преку својот личен асистент ја одобрил апликацијата и таа во рок од 10 минути се појавила на App Store. Инаку, тој процес вообичаено трае од 10 до 15 денови.

Апликацијата ги поттикнува корисниците преку додавање на својата локација на мапата да ја искажат својата поддршка за кампањата “Je Suis Charlie“  која што е активирана откако 12 луѓе беа убиени во терористичкиот напад на сатиричниот неделник “Charlie Hebdo”.

До сега повеќе од 110 илјади луѓе ја користеле апликацијата за чија што тестна верзија требале само 18 часови работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×